Регион
Српски медиуми: Кинеската вакцина утре пристигнува во Србија

Првите количини на кинеската вакцина против коронавирусот на компанијата „Синофарм“ ќе пристигнат утре во Србија, објавија повеќе српски медиуми.
„Новости“ пишува дека Агенцијата за лекови и медицински помагала (АЛИМС) сè уште нема издадено дозвола за употреба на кинеската вакцина, но се очекува наскоро да биде дадена.
Најверојатно в недела со кинеската вакцина ќе почне имунизацијата на здравствените работници кои изјавија дека сакаат да се вакцинираат.
Во Србија во тек е имунизација со вакцината на Бионтек/Фајзер и со руската вакцина „Спутник 5“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Eвакуирано средно училиште во Хрватска, момче влегло со закана за бомба

Паника во Хрватска откако средно училиште било евакуирано поради дојава за бомба, јавуваат хрватските медиуми.
Според нив, младо момче околу 12 часот влегло во средното стручно училиште „Сисак“ со закана за поставена бомба.
Според непотврдени информации на хрватските медиуми, станува збор за помлад човек, син на воен ветеран кој го барал жупанот Иво Шиниќ.
Училиштето било евакуирано, а младиот човек кој се заканувал се забарикадирал во него. По драмата што траела околу еден час, младото момче и се предало на полицијата.
По заканата, полицијата го опколила училиштето, а на лице место излегол министерот за одбрана, Томо Медвед.
На местото на настанот бил испратен и преговарач од антитерористички оддел .
Директорот на стручното училиште во Сисак, Ивица Белоглавец, за локалните медиуми изјави дека поради новонастанатата ситуација нема да има смена на пладне.
Хрватските медиуми потсетуваат дека слична драма се одвиваше и во Загреб, каде што една жена се закануваше со бомби во зградата во која живее поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.
Регион
Мирослав Шкоро се кандидира за градоначалник на Загреб

Хрватскиот музичар и пејач Мирослав Шкоро официјално потврди дека се кандидирал за градоначалник на Загреб.
„Претседателот на ‘Татковинско движење’, како и разгранокот на ‘Татковинското движење“ на Град Загреб, д-р Мирослав Шкоро, кој освои 465.704 гласа на претседателските избори во 2019 година и под чие раководство партијата освои 16 места на парламентарните избори во 2020 година, ќе биде кандидат на ‘Татковинското движење’ за градоначалник на град Загреб на претстојните локални избори во мај 2021 година“, велат од партијата.
Тој ќе ја претстави својата кандидатура в сабота, 6 март, на Цветниот плоштад во Загреб.
Регион
Опсада во Загреб, антитерористички единици во зградата во која живее Колинда Грабар-Китаровиќ

Загрепската полиција добила дојава дека лице што сака да се убие се наоѓа во зградата во која живее поранешната хрватска претседателка, пренесуваат локалните медиуми.
Две антитерористички единици, тешко вооружени и со кучиња, влегле во зградата, пишува „24 сата.хр“ и додава дека на терен се најмалку 10 возила, односно дека местото е полно со полиција.
Според еден читател, по другите околни згради биле распоредени и снајперисти.
Хрватските медиуми дошле и до сознанија дека поранешната хрватска претседателка во моментот не е во зградата бидејќи волонтира во Петриња, град што изминатиов период беше погоден од серија земјотреси. Во станот не е ни нејзиното семејство.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“