Регион
Струјата мора да поскапи, вели српската министерка Михајловиќ

Српската министерка за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ, денеска изјави дека цената на струјата во Србија мора да се зголеми, но сè уште не се знае кога ќе се случи тоа и колку ќе биде поскапувањето.
Во пресрет на меѓународната конференција „Енергијата и Балканот: Транзиција кон обновливи извори и подобрување на енергетските врски“, таа за „Танјуг“ изјави дека мислењето на министерството што го предводи е дека поскапувањето треба да следи што е можно побргу.
Кога станува збор за процентуалното зголемување, српската министерката наведува дека тоа не го одредува Министерството за рударство и енергетика, туку Агенцијата за енергетика, но покачувањето, како што кажа, секако мора да биде одржливо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Очекувам одбрана на бугарскиот интерес, рече Радев пред состанокот на Коалицискиот совет во Софија

Бугарскиот претседател, Румен Радев, очекува на вечерашниот коалиционен владин совет посветен на односите со Македонија, да се следат одлуките на Советодавниот совет за национална безбеднос кои беа донесени во јануари годинава. Тоа е со цел, како што рече Радев, одбрана на бугарскиот интерес и копенхашките критериуми за членство во Европската Унија.
„Доколку сето тоа се случи ќе се потрудиме да и помогнеме на Република Северна Македонија да го следи овој пат“, рече Радев, пренесе „Труд.бг“.
Прашан какви се ставовите на бугарската влада за Северна Македонија пред средбата, Радев рече дека фокусот на владата на надворешната политика не може да ги реши внатрешните проблеми на земјата. Очекува енергијата што се инвестирала во проблемите со Македонија да се насочи и кон проблемите на бугарските граѓани.
Вечерва по барање на бугарскиот премиер, Кирил Петков, на вонреден состанок на коалицискиот совет ќе се соберат владините партнери и ќе разговараат за блокадата за Македонија.
Се очекува премиерот Кирил Петков да им објасни на своите партнери зошто побарал од претседателот Румен Радев да го свика Советодавниот совет за национална безбедност и да го претстави досега постигнатото во дијалогот со Скопје, пренесе Бнр.бг.
Самиот Петков најави свикување на состанокот на коалицијата при посетата на Рим и Ватикан во пресрет на 24 мај. Тој потоа посочи зошто би се заложил претседателот да се сретне со сите страни претставени во парламентот:
„Форматот на коалицискиот совет е многу важен. И ова ќе го прашам од моја гледна точка и ќе разговараме со коалициските партнери, но ни треба поширок консензус и затоа опозицијата мора да биде информирана“, образложи Петков.
Партијата на Слави Трифонов, ИТН ја потврди својата цврста позиција – нема повлекување од позицијата на Бугарија.
„Ние само ќе ги сослушаме за што се состануваат со оглед на тоа што овој став е јасен – и на претседателскиот советодавен совет, и во рамковната позиција на Бугарија и со декларација од 44. Народно собрание, па можеби ќе се запознаеме со нешто ново што не го знаеме. Ќе бидам претставник на МНР, па ќе видиме што ќе кажат. Нашиот став е јасен“, рече Станислав Балабанов.
Регион
Русија протера петмина хрватски дипломати

Русија прогласи за непожелни пет хрватски дипломати во хрватската амбасада во Москва, а на хрватскиот амбасадор му беше врачена нота.
Според соопштението на Министерството, прогласувањето на дипломатите за персона нон грата е одговор на „непријателските чекори“ што Загреб претходно ги презеде за да го намали бројот на членови на руската дипломатска мисија.
На хрватскиот амбасадор му беше врачен остар протест во руското Министерство поради, како што се наведува, неоснованите обиди на хрватските власти да ја обвинат Русија за воените злосторства во Украина и за воената помош на Киев.
Хрватска протера 24 руски дипломати во април поради руската воена интервенција против Украина.
Регион
Хрватскиот суд донесе историска пресуда – геј-паровите од сега ќе може да посвојуваат деца

Вишиот управен суд на Хрватска ја отфрли жалбата на надлежното Министерство и им овозможи на истополовите парови да може да пристапат до процената за посвојување деца, а како што се наведува, тие не може да бидат дискриминирани врз основа на нивната сексуална ориентација.
Според организацијата Rainbow Color, судот го отфрлил аргументот на Министерството дека истополовите двојки не треба да пристапуваат кон процената за посвојување деца поради целта „заштита на интересите на детето“.
Оваа одлука судот ја донел во случајот со партнерите Младен Кожиќ и Иво Шегота, на кои сега им е дозволено да присуствуваат на постапката за посвојување дете, е соопштено на прес-конференцијата во Загреб, пренесоа хрватските медиуми.
Кожиќ и Шегота пред шест години се пријавиле во центарот за социјална заштита во желба да станат посвоители, но во два наврата биле одбиени бидејќи се во животно партнерство. По долга правна битка во 2020 година, тие успешно станаа згрижувачки родители на две деца.
Минатата година првостепениот управен суд донесе одлука дека тие може да станат и посвоители, а по жалбата на Министерството, одлуката на Вишиот управен суд, конечно, ги отстрани сите дилеми.
Шегота и Кожиќ на новинарите, меѓу другото, им рекоа дека се изгубени шест години и дека, како што велат, тоа е во духот на политиката.
„Шестте изгубени години на тие деца одат во духот на политиката, која е во име на одбрана на т.н. традиционални вредности, таа беше подготвена да го погази правото на семејство на деца што општеството го заборави“, изјавија Шегота и Кожиќ.
Организацијата Rainbow Colors објави дека оваа пресуда има далекосежни последици за правата на ЛГБТИК-лицата и истополовите парови во Хрватска.