Регион
Таткото на исчезнатиот Хрват: Никогаш не реков дека на снимката каде што некој плива е Матеј
Српските медиуми објавија неколку снимки во врска со исчезнатото момче од Хрватска, Матеј Периш. На нив се гледа како млад човек трча низ белградските улици и запира такси кое не го прифаќа.
Ненад Периш, таткото на исчезнатиот Матеј, изјави дека на тие снимки бил неговиот син.
Има уште едно видео на кое се гледа како некој плива во реката Сава. „Слободна Далмација“ попладнето објави дека таткото потврдил дека на видеото е неговиот син. Ненад Периш за хрватски „Индекс“ потврди дека младиот човек кој трча по улиците е навистина неговиот син, но додаде дека никогаш не кажал дека е и на видеото каде непознато лице плива во Сава.
„Не знам што објави ‘Слободна Далмација’, но не е Матеј на сите снимки што се појавија. Со снимките на кои е Матеј се поврзуваат и такви што немаат врска со него и не знам зошто ова се прави. За видеото на кое некој плива во Сава, никогаш не реков дека е Матеј. Воопшто не верувам дека тоа е снимка од таа вечер. Ме интересираше затоа што сакав да знам која беше температурата на водата таа вечер и беше пет степени. Јас сум ватерполист, цел живот сум во вода и нема шанси да се плива на температура од пет степени во нуркачко одело, а камоли без“, изјави тој за „Индекс“.
„Мојот Матеј е на снимката каде што трча и застанува такси, тоа можам да ви го потврдам. Не сакам повеќе да коментирам за тоа. Да се пробива низ шумата на снимки, да се прегледа сето тоа, такви работи секако прават. Не им помагајте. Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до МВР на Србија, мислам дека многу професионално си ја вршат работата“, рече тој.
„Имам безброј повици од медиумите, но не сум важен во оваа приказна, важно е истрагата да оди во свој правец и да се најде Матеј“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

