Контакт

Регион

Тачи отсуствувал од заедничкиот ручек во Тирана поради Додик

Објавено пред

Косовскиот претседател, Хашим Тачи го откажал учеството на заедничкиот претседателски ручек на земјите од Западен Балкан, по завршувањето на самитот Брдо-Бриони во Тирана.

Како што јави „ТВ Клан Косова“, повод за откажувањето на учеството на ручекот било присуството на претседавачот на претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик.

Истотака, според косовските медиуми, Тачи за време на поздравувањето со српскиот претседател, Александар Вучиќ го игнорирал Додик кој бил во друштво на Вучиќ и не му подал рака.

Тачи истовремено го критикуваше и претседателот на Албанија, Илир Мета, поради поканата за Додик на состанокот на претседателите од земјите од Западен Балкан.

Регион

Словенечкиот министер Алеш Хојс во самоизолација

Објавено пред

Словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс е во самоизолација.

Тој беше тестиран за коронавирус, изјави владиниот портпарол Јелкo Кацин.

Тој исто така на прес-конференцијата рече дека првиот тест на Хојс за вирусот е негативен, пренесува 24UR.

Хојс требаше да ја објасни новата регулатива за ограничувања на движењето меѓу општините на денешната прес-конференција.

Прикажи повеќе...

Регион

Училиштата во Бугарија преминуваат на онлајн настава

Објавено пред

Училиштата во Бугарија ќе преминат на онлајн настава поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус, соопшти бугарското Министерство за образование.

Се препорачува прво средните училишта да започнат со таква настава, а основните училишта да бидат префрлени на неа само доколку е потребно, пренесува „Ројтерс“.

Во Бугарија е задолжително да се носат маски и на отворено и на затворено, како и да се држи растојание, а ноќните клубови се затворени две недели.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска 828 новозаразени, починаа 15 лица

Објавено пред

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 828 нови случаи на инфекција со коронавирус, а 15 лица починале, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на активни случаи во Хрватска во моментов е 10.919, а меѓу нив 864 пациенти се во болница.
Има 65 пациенти на респиратор.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се 37.208 лица заразени со коронавирус, од кои 452 починале.Вкупно се опоравиле 25.837 лица, од кои 1.038 во последните 24 часа.Во моментов има 26.730 лица во самоизолација. До денеска се тестирани вкупно 449.541 лице, од кои 3.973 во последните 24 часа.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет30 минути

Мадуро тврди дека венецуелските научници создале лек против Ковид-19 без несакани ефекти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала „високо ефективен антивирусен лек“ што го десеткува коронавирусот без никакви...

Топ1 час

(Видео) Пронајдени речиси 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од речиси 100 килограми. Уапсен е турски државјанин, кој дрогата требало...

Македонија1 час

Домашните слави да се празнуваат исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства во државата ги чествуваат домашните...

Регион3 часа

Словенија ги заострува мерките, од вечерва нова забрана за движење – се затвораат општините

Поради големиот пораст на инфекции со коронавирус, Словенија ги заострува мерките, така што од вечерва стапува во сила забраната за...

Економија4 часа

Пандемијата ќе фрли во стечај дури 6.000 австриски фирми

Пандемијата на коронавирусот силно ја погоди австриската економија, па в година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади...

Европа4 часа

Италија ги затвора баровите и рестораните во 18 часот

Италијанските власти издадоа одредба со која се бара сите барови и ресторани да се затворат до 18 часот, а спортските...

Топ4 часа

Стејт департментот: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот...

Свет5 часа

Над 8.000 новозаразени од коронавирус во Германија

Во последните 24 часа во Германија се потврдени 8.685 случаи на коронавирус. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, починале...

Економија5 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати, кои ќе важат од полноќ. Минатата недела...

Македонија16 часа

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет16 часа

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија18 часа

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија19 часа

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Регион20 часа

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. „Иако РЗИ официјално го укина мојот...

Регион22 часа

Жртвите се скриле во „контејерот на смртта“ во Србија, планирајќи да стигнат до Италија или Белгија

Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај се скриле таму со цел да заминат во...

Европа23 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба

Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро. Со...

Регион1 ден

Од денеска во болниците во Словенија само пациенти со корона и итни случаи

Од денеска приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итните случаи и оние кои страдаат...

Топ1 ден

Автомобил прегази 15-годишно дете во Скопје

Петнаесетгодишно дете вчера напладне било прегазено од автомобил на булеварот Александар Македонски во Скопје. Со возилото управувал Т.В. од Крива...

Македонија1 ден

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот, градоначалникот Петре Шилегов се...

Македонија1 ден

Во болниците се лекуваат 595 пациенти од коронавирус, капацитетите се прошируваат

Со вчерашните нови 404 случаи со Ковид-19 регистриани во земјава, во болниците низ Македонија се лекуваат 595 пациенти. Од нив...

Досие