Регион
Тајкунот Ивица Тодориќ екстрадиран во Хрватска
Хрватскиот тајкун Ивица Тодориќ вечерва пристигна во Хрватска со редовниот лет на линијата Лондон-Загреб.
Се очекува основачот на „Агрокор“ веднаш да биде одведен во истражниот затвор „Реметинец“ поради аферата „Агрокор“, во која е осомничен дека на незаконски начин стекнал 1,1 милијарда куни.
Тодориќ е екстрадиран од Велика Британија по една година откако избега од Хрватска.
Тој пред неколку години се најде на врвот на листата најбогати Хрвати на „Форбс“. Воедно, тој беше и единствен хрватски милијардер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: Ќе продолжиме да се вооружуваме за да не се повтори ниту 1995, ниту 1999 година
„Ние не ја гледаме Хрватска како непријател, но сериозно се вооружуваме и ќе продолжиме да го правиме тоа за да не се повторат 1995 и 1999 година“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Согласно промената на доктрината на српската армија, ние мора да бидеме посилни од значаен дел од нашите соседи заедно“, изјави Вучиќ на ТВ Пинк.
Посочувајќи дека армијата „силно, брзо, ефикасно и сериозно“ се вооружува, Вучиќ рече дека тоа ќе продолжи за „да не се повтори ниту 1995, ниту 1999 или многу други години“.
„Нема да нападнеме никого, но никој да не помисли повторно да изврши агресија врз нашата земја“, рече Вучиќ.
Вучиќ признава дека Хрватска е поразвиена земја, но тврди дека Србија расте многу побрзо од нејзиниот западен сосед и дека оваа разлика се намалува.
Регион
Драма во Зеница: маж осуден за воени злосторства дошол во полициска станица и се заканувал со бомба
Голема драма се одвивала утрово во Зеница кога маж извадил рачна бомба откога се дознало дека е осуден за воени злосторства.
Според медиумите, Д. Х. (56) од Зеница престојувал околу осум часа во просториите на полициската станица за да ги оствари своите права.
„Од извршените проверки е утврдено дека тој се бара од страна на Општинскиот суд Зеница за издржување затворска казна бидејќи е осуден за воено злосторство“, изјави Самир Валентиќ, портпарол на МВР.
При обидот за апсење извадил рачна бомба и им се заканувал на полицајците.
„Потоа се оддалечил од просториите на полициската станица. Со брза интервенција на полициски службеници бил лоциран, лишен од слобода и спроведен во службени простории. За ова била известена и судската полиција. Лицето ќе биде предадено во полиција, која ќе го одведе на издржување на казната. Делата што ги извршил утрово ќе бидат документирани од полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција“, додаде Валентиќ.
Регион
„Беше полн со живот, штотуку почна да живееш, толку се мачеше“: врсниците се простија од тинејџерот претепан до смрт во Лесковац
„Почивај во мир, наш Шики, ангелите да те чуваат, засекогаш ќе останеш во нашите срца!“, пишува во една од потресните објави на пријателот на 17-годишникот од Лесковац, кој до смрт бил претепан од 18-годишен тинејџер, пишуваат српските медиуми.
Социјалните мрежи се преплавени со објави на врсници на А. И., кој вчера беше претепан до смрт. Пријателите се збогуваат со него потсетувајќи дека А. И. бил добро момче и уште подобар пријател.
„Каква тага. Засекогаш наш Шики“, „Сочуство до семејството, срцето ми се кине“, „Почивај во мир, добро момче“, „Беше полн со живот, штотуку почна да живееш, толку многу се мачешe “, се дел од објавите.
Медиумите потсетуваат дека денеска во 17 часот е планиран собир на местото на кое до смрт беше претепан тинејџерот и на кое граѓаните ќе запалат свеќа.
Според написите, 17-годишниот А. И., кој вчера беше брутално претепан, им подлегнал на повредите на Ургентниот центар во Лесковац. Соопштено е дека лекарите и покрај големата борба, не успеале да го реанимираат. Неколку часа по нападот на момчето, кое им подлегна на повредите, полицијата уапси неколку малолетници.