Контакт

Регион

Топлотен бран и се заканува на Европа со температури над 40 степени

Објавено пред

Европејците следната недела ги очекува топлотен бран со температури кои ќе достигнат над 40 степени, кои се невообичаени за јуни, а од средината на неделата и некои делови на Балканот се изложени на ризик од топлотен бран.

На почетокот на неделата европскиот континент ќе биде зафатен од сув и многу топол воздух од северна Африка, чие влијание ќе биде најизразено во западниот Медитеран, а ќе биде зафатена и Западна Европа, како и Британските острови.

Се очекуваат високи дневни температури, што на некои места ќе се движат од 35 до 40 степени. Особено топло ќе биде во Шпанија, Франција, земјите од Бенелукс, Западна Германија и јужно од Англија.

Европските метеоролози предупредуваат за опасностите од топлотниот бран што се очекува да го достигне врвот во средината на неделата. Во Германија во среда се предвидуваат температури до 38 степени целзиусови, а слично топло време се очекува и во Белгија и Швајцарија.

Британскиот метеоролошки институт Metoffice е загрижен поради топлотниот бран кој може да стимулира ,,силни бури”, па ги предупредува Британците да се подготват за ,,топло, влажно и нестабилно” време.

Грција ќе биде меѓу најтешко погодените земји од топлотниот бран со температури до 39 степени. Во Франција, метеоролозите најавуваат ,,невиден топлотен бран во јуни”, кој ќе ги урне досегашните рекорди.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Премиерот на БиХ и коосомничените во аферата со респираторите се ослободени

Објавено пред

Судот во Сараево го ослободи премиерот на Федерацијата на БиХ, Фадил Новалиќ и уште двајца осомничени за контроверзната набавка на респиратори за време на епидемијата на коронавирус.

Наместо едномесечен притвор што го бараа обвинителите, судот пресуди дека тие можат да се бранат на слобода, но со мерки, вклучително и забрана за контактирање со потенцијални сведоци и меѓусебни средби.

Заедно со Новалиќ, беа ослободени шефот на Цивилната заштита, Фахрудин Солак и Фикрет Хоџиќ, сопственик на компанијата „Сребрена малина“.

Новалиќ, Солак и Ходишиќ се осомничени за здружување заради сторено кривично дело, злоупотреба на службената положба, перење пари, примање подароци и фалсификување или уништување на службени документи.

Тие се под истрага поради набавката на 100 респиратори од Кина по цена од 5,3 милиони евра, што е повисока од пазарната цена.

Партијата за демократска акција на Новалиќ (СДА) оцени дека судската одлука е доказ дека случајот против него е монтиран.

„Единствената цел беше да се задржи Новалиќ во притвор и со тоа да се обезбеди слабеење на бошњачкиот фактор во владата на ентитетот“, велат од партијата, барајќи отстранување на главниот обвинител Гордана Тадиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

Косово покрена нова трговска војна со Србија

Објавено пред

Косовската влада го забрани увозот на стоки од Србија, доколку во документите не стои „Република Косово“, објави Приштина во неделата, потег што официјален Белград го смета за полош од воведувањето на данок од 100 проценти во 2018 година.

„Дијалогот е на респиратор“, рече српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, илустрирајќи ги односите, откако косовската влада донесе одлука за рестриктивната мерка.

Со неа се забранува увоз на производи доколку на документите не е назначено „Република Косово“ и се воведува обврска секое возило со стока од Србија да има посебна дозвола.

„Во трговските односи со Србија, забранета е употреба на документи за земјоделски и индустриски производи кои користат имиња на земји или содржат други елементи што се во спротивност со уставот и законодавството на Косово“, соопшти косовската влада.

На 31 март, Косово одлучи постепено да воведе реципрочни мерки за Србија, кои треба да ја заменат стопроцентната царина за стока, воведена во 2018 година од претходната влада на Рамуш Харадинај. Надоместокот за стока од Босна и Херцеговина беше укинат без реципрочни мерки.

Дачиќ изјави дека со прифаќање на новите мерки, Србија ќе го признае Косово и предупреди дека нема да има продолжување на дијалогот сè додека косовската влада не се повлече.

„Ние немаме намера да го продолжиме дијалогот додека не се укинат таксите. Тоа е неприфатливо за нас и негација на сите договори. Со право очекуваме реакција од меѓународната заедница“, рече тој.

Откако најмалку два камиони стоки од Србија се вратија од границата со Косово, директорот на владината канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ, побара итна реакција од меѓународната заедница.

„Владата на Приштина воведе нова трговска блокада на стоки од централна Србија. Овој нелегален чин е исто така спротивен на здравиот разум и ги поткопува европските вредности и егзистенцијалните интереси и на Албанците и на Србите“, рече Ѓуриќ на Твитер.

Владата на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај воведе 100 проценти давачки за стоки од Србија и БиХ во ноември 2018 година. Овој потег го прекина дијалогот посредуван од ЕУ меѓу Белград и Приштина. По изборите во Косово во октомври минатата година, тогашниот лидер на опозицијата, а денес техничкиот премиер, Албин Курти, вети дека ќе ги укине даноците и ќе ги замени со реципроцитет.

Новиот специјален претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Приштина и Белград и Западен Балкан, Мирослав Лајчак, рече дека е разочаран од последната одлука на косовската влада.

Лајчак на Твитер објави дека еднострани акти ја поткопуваат можноста за продолжување на дијалогот и мора веднаш да се повлечат.

„Брисел очекува обете страни во дијалогот да ги спроведат и почитуваат претходните договори“, рече Лајчак.

Договорот од Брисел за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина беше потпишан на 19 април 2013 година и обете страни меѓусебно се обвинуваат за кршење на истиот.

Клучната забелешка на Белград е дека Приштина не ја исполнила својата обврска да формира Унија на српски општини во Косово, што Србија ја смета за клучна за безбедноста и самоуправата на Србите.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Aктерот и политичар Сергеј Трифуновиќ нападнат во Белград

Објавено пред

Сергеј Трифуновиќ, познат српски актер и лидер на Движењето на слободни граѓани, беше нападнат во центарот на Белград, додека собирал потписи за претстојните избори.

Како што јавуваат српските медиуми, случаен минувач му пристапил на Трифуновиќ и го удрил по глава.

Напаѓачот кој е 67-годишен, бил приведен.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

(Видео) Астронаутите на „Спејс-икс“ и НАСА пристигнаа во вселенската станица

Вселенското летало „Dragon“ на американската компанија „Space-X“, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, пристигна...

Македонија12 часа

Заев: Гласањето на изборите ќе се одржи според сите безбедносни протоколи

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, пишува претседателот...

Македонија15 часа

Јанушев чека резултати од тестот по дебатата со Зекири, новинарката Мрѓа е во домашна изолација

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со...

Спорт17 часа

Позитивни на Ковид-19 има во Ренова и Шкендија

Ре-стартот на фудбалскиот шампионат на Македонија, предвиден за 14 или 21 јуни, најверојатно ќе биде одложен откако четворица од Ренова...

Економија17 часа

Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за...

Македонија17 часа

Арсовски: Несериозно и морбидно е да се зборува за избори на 5 јули

Фиксираниот датум за избори на 5 јули кога би се случиле изборите не само што е несериозно туку е морбидно,...

Македонија17 часа

Најмногу новозаразени скопјани денеска има во Чаир и Бутел

Денеска во Скопје се регистрирани 24 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу во Чаир и Бутел. Имено, од Чаир...

Македонија18 часа

Потврдени 62 нови случаи на ковид 19, починаа 2 лица

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 62 нови случаи на ковид-19, а починале 2 лица....

Македонија18 часа

Мухамед Зекири е позитивен на коронавирус

Потпрестедателот на СДСМ Мухамед Зекири на социјалните мрежи објави дека е позитивен на коронавирусот. Зекири информира дека позитивни на коронавирус...

Македонија19 часа

(Видео) Спасовски: По сила на закон изборите ќе се одржат на 5 јули

По сила на закон изборите се на истекот од 22 дена по завршувањето на вонредната состојба, што значи дека ќе...

Свет20 часа

(Видео) Маск за лансирањето: Преплавен сум со емоции, тешко е да се зборува

Елон Маск не можел да опише како се чувствува откако неговиот SpaceX во соработка со НАСА прв пат испрати астронаути...

Македонија21 час

Во ладилник кај Миравци пронајдени над 100 мигранти, приведен е жител на Косово

Синоќа на автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај клучката Миравци, при преглед во товарното возило „сканија“ и ладилник со скопски...

Свет21 час

(Видео) Немири на протестите во САД, полицијата со возило туркала луѓе

Во 25 градови ширум САД воведен е полициски час по протестите за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше задавен...

Македонија22 часа

Казнети 673 лица за неносење на маска

Во текот на изминатото деноноќие на територија на целата држава, по однос на уредбата за носење на лична заштита на...

Македонија22 часа

Почнува четвртата вонредна состојба

Почнува четвртата вонредна состојба што претседателот Стево Пендаровски ја прогласи вчера по состанокот на Советот за безбедност. Вонредната состојба ќе...

Македонија2 дена

Со полиција ќе се земаат анкети од семејството на починатиот од Ковид-19, на чиј погреб имало 200 луѓе

Министерството за здравство во соработка со Центарот за јавно здравје Скопје, а под асистенција на Министерството за внатрешни работи, денеска...

Македонија2 дена

И денеска Чаир, Бутел и Сарај имаат најмногу заразени

Од денешните 22 случаи на заразени со коронавирус во Скопје, најмногу се од Чаир, Бутел и Сарај. Според податоците, Чаир има...

Македонија2 дена

Протокол за градинките: Децата да држат растојание, за секое дете да се обезбедат 2 постелнини

Владата денеска на седница го усвои протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по престанување на...

Македонија2 дена

Спасовски бара избори пред есен, поради најавите на СЗО за втор бран на коронавирусот

Техничкиот премиер Оливер Спасовски по состанокот на Советот за безбедност посочи дека институциите мора да превземат одговорност и за парламентарните...

Македонија2 дена

Потврдени се 35 новозаразени, а починаа уште 5 лица меѓу кои и бебето кое беше испратено во Швајцарија

Денеска се потврдени 35 нови случаи на ковид 19, а починати се 5 лица, информираат од Министерството за здравство. На...

Досие