Контакт

Регион

Топлотен бран на Балканот, во Албанија и Србија температурата надминува 40 степени

Објавено пред

Нов топлотен бран го зафати Балканот во понеделникот, три недели откако претходниот бран предизвика прекин на електричната мрежа во неколку земји во регионот.

dobivaj vesti na viber

Во Албанија, каде што температурите надминуваат 40 Целзиусови степени, владата утринава предупреди дека „намерно или случајно предизвикување пожар“ се казнува со 15 години затвор.

Во Србија хидрометеоролошкиот институт РХМЗ денеска предупреди на силен топлотен бран прогнозирајќи дека ќе трае цела недела со температури до 40 степени и тропски ноќи во градските средини. Институтот прогласи портокалова тревога за добар дел од земјата.

Во Косово горештините се придружени со ветер и песок, а на граѓаните им се препорачува да не излегуваат на сонце.

„УВ-индексот ќе биде многу висок“, предупредија властите апелирајќи до возачите да бидат внимателни.

За време на претходниот топлотен бран, на 21 јуни, електричната мрежа се расипа во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Албанија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Вучиќ на средба со бугарскиот претседател за зајакнување на економската соработка

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска разговараше со претседателот на Бугарија, Румен Радев, за билатералните односи и зајакнувањето на економската соработка.

dobivaj vesti na viber

„Со претседателот Румен Радев разговарав за билатералните односи, зајакнувањето на економската соработка и партнерството меѓу нашите две земји и народи“, објави Вучиќ на „Инстаграм“.

Како што додаде, Радев и тој во текот на разговорот се фокусирале на клучните прашања од самитот на Европската политичка заедница и темите што ја обликуваат иднината на Европа.

Прикажи повеќе...

Регион

Многу високи температури деформираа дел од пруга во Хрватска

Објавено пред

Многу високите температури изминатите денови деформираа дел од пругата на релација Оштарије – Книн – Сплит, но штетата набргу беше санирана.

dobivaj vesti na viber

Работниците на хрватските железници веднаш излегоа на терен. Додека пругата се санира, патниците се превезуваа со автобуси.

По неколкучасовна работа, делницата повторно беше пуштена за сообраќај.

Прикажи повеќе...

Регион

Сите археолошки локалитети во Атина затворени поради високите температури

Објавено пред

Поради високите температури, грчкото Министерство за култура соопшти дека сите археолошки локалитети во Атина ќе бидат затворени од пладне до 17 часот.

dobivaj vesti na viber

Температурите во земјата се очекува да останат високи денеска, 11-ти ден по ред, а топлотниот бран ќе трае до недела, пренесува „Прототема“.

Вчера, поради екстремни температури, беше затворен туристичкиот локалитет Акропол, а одлуката е донесена да се заштитат и вработените и посетителите, објави вчера „Катимерини“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

И пет минути да се намали чекањето на Табановце е добро за транспортерите, Муратовска реагира зошто има две контроли од полиција место една

Транспортерите, кои стојат заглавени на граничниот премин Табановце по пет- шест часа, денес добија уште едно ветување за скратување на...

Топ53 минути

МВР со детали за пукањето во Чаир: повреден е 31-годишник од Скопје

Вчера во 21.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ бил донесен 31-годишниот...

Македонија4 часа

Ново пукање во Чаир, улиците станаа небезбедени за граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ

„Постајно се случуваат пукања и криминални пресметки и безбедносната состојба станува алармантно лоша. Сигурноста на граѓаните е во постојан ризик....

Македонија5 часа

ЦУК: Oд рани зори се гасат пожари по земја и со воздухопловна поддршка од сите летала што се на располагање

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имаше вкупно 24 пожари на отворено. Утрово активни се...

Култура6 часа

Европски филмови на плажа и на брод во Охрид секоја вечер до недела – „Живи и здрави“ го отвори 7. издание на „Бич филм фестивал“

Под отворено небо, филмот „Живи и Здрави“ на црногорскиот режисер, Иван Мариновиќ, синоќа го отвори седмото издание на фестивалот „Бич...

Свет6 часа

(Видео) Шеснаесет лица загинаа во пожар во трговски центар во Кина

Шеснаесет лица загинаа во пожар во стоковна куќа во југозападната кинеска провинција Сечуан, објавија државните медиуми. Синоќа кинеската државна телевизија...

Европа6 часа

(Фото) Сателитите открија „Панцир“ системи и мистериозни објекти кај резиденцијата на Путин

Сателитските снимки открија дека нов систем за противвоздушна одбрана со краток дострел штити една од резиденциите на рускиот претседател Владимир...

Регион6 часа

Мажи од такси-возило пукале кон полицајци во Србија, еден убиен: напаѓачот се бара и со хеликоптер

Синоќа имало пукање во Лозница, град на западот на Србија. Се се случило при рутинска контрола на такси возила од...

Свет7 часа

Бајден има коронавирус

Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на тестот на Ковид-19, потврди Белата куќа, откако тој присуствуваше на настан во Лас...

Економија17 часа

ЈПДП, ЈСП, Железници и ЕСМ Димитриевска-Кочоска вели дека направиле грабеж на државата: Обезбедени се 5,1 милијарда денари за кредити кои ги зеле, но не можат да ги вратат

Со ребалансот на буџетот новата Влада обезбеди 5,1 милијарда денари за сервисирање на кредитни обврски кон меѓународни финансиски институции во...

Македонија21 час

Петровска: Мицкоски реши своето синче да го почасти со патување во Вашингтон, ДПМНЕ го штити со лаги

„Последното соопштение на ДПМНЕ е резултат на нивниот очаен бес како да го заштитат лидерот Мицковски од службената злоупотреба што...

Македонија21 час

(Видео) Пожарникарите и цивилите заробени на Огражден се евакуираат со словенечки хеликоптер

Градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов, преку „Фејсбук“ извести дека заедно со пожарникарите и цивилите се заробени на Огражден. „Во...

Македонија22 часа

Повторно отворен граничниот премин Богородица

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека повторно е отворен граничниот премин Богородица. Граничниот премин денеска беше привремено затворен...

Економија22 часа

Економијата е во клиничка смрт, но има 5 милијарди денари за пензии и ќе се зголемат платите на администрацијата, уверува министерката за финансии

Лошата состојба во буџетот ги надминала очекувањата на новата Влада, но министерката за финансии, Гордана Димитриевска-Кочоска, уверува дека со ребалансот...

Македонија1 ден

Романскиот авион „спартан“ со водни бомби ќе го гасне пожарот на Солунска Глава

Пристигнаа романските авиони „спартан“ и „херкул“, кои ќе помогнат во гаснењето на пожарите. Директорот на Центарот за управување со кризи...

Македонија1 ден

Oбјавени имињата на предлозите за заменик-министри

Владата до Собранието ги предложи следните имиња за заменик-министри, при што целосно се комплетира владиниот тим. За заменик-министер во Министерството...

Македонија1 ден

Владата именува директори на повеќе институции

Владата, вчера, на шестата седница донесе повеќе одлуки за разрешување на досегашните и именување нови кадровски решенија, и тоа: Фејсаљ...

Свет1 ден

Бајден го откри условот за повлекување од претседателската трка

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември. Американскиот лидер Џозеф Бајден во интервју изјави дека ќе се...

Свет1 ден

Лавров: САД е во голема заблуда ако мисли дека нема да страдаат од нова светска војна

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден е во голема заблуда ако мисли дека САД нема да страдаат од нова светска...

Македонија1 ден

Расчистен обидот за убиство врз градоначалникот на Арачиново, поднесена кривична пријава

Полицијата го расчисти случајот со пукањето кон градоначалникот на општина Арачиново и други лица вработени во општината, додека вршеа увид...