Регион
Трагедија во БиХ: маж си ја убил сопругата, а потоа се самоубил
Синоќа, околу 21.10 часот, во градот Живинице во Тузланскиот кантон во Босна и Херцеговина маж си ја убил сопругата, а потоа се самоубил, објави „Кликс.ба“.
Како што пренесуваат босанските медиуми, мажот со иницијали М. А., роден 1965 година, застрелал и убил жена со иницијали Ч. Т., родена 1971 година.
По тоа, извршил самоубиство.
„Во 21.10 часот од полициската управа Живиница било пријавено дека од семејна куќа во населбата Подгајеви се слушаат истрели од огнено оружје, а во врска со таа пријава била испратена патрола, како и екипа на итната медицинска помош. На местото на настанот се пронајдени две безживотни тела на маж и жена. Дежурниот лекар од итната помош констатирал смрт на двете лица на местото на несреќата“, ја пренесе босански „Аваз“ изјавата на портпаролката на локалната полиција, Аднана Спречиќ.
Нема дополнителни информации за околностите на оваа трагедија, која се случи само десет дена откога 35-годишната Низама Хеќимовиќ беше убиена во Градачац од својот поранешен партнер, кој потоа уби уште двајца мажи и рани уште тројца, а на крајот се самоуби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
