Контакт

Регион

Турција држела грчки владин авион во воздух 20 минути

Објавено пред

Авион на грчката влада со министерот за надворешни работи, Никос Дендијас, кој се враќал од Ирак, бил задржан во воздухот дополнителни 20 минути затоа што турските власти го одложиле издавањето дозвола за премин.

Според денешните извештаи, авионот синоќа побарал одобрение од турските воздухопловни власти додека ја преминувал ирачката граница по напуштањето на Багдад, но морал да чека 20 минути за издавање на дозволата, пренесува „Катимерини“.

Ваквото задржување на дипломатскo претставништво, кое ги добило сите потребни дозволи однапред, се смета за невообичаено и Атина смета дека тоа е нова провокација на Анкара, оценува грчкиот весник.

Овој потег се случил неколку часа пред состанокот на лидерите на Европската Унија во Брисел, на кој се очекува Атина да се заложи за силен одговор на турската агресија во источен Медитеран и на Егејот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Словенија 1.113 нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени нови 1.113 случаи на коронавирус, а седум лица починаа, објави словенечката влада.

Бројот на вкупно потврдени случаи се зголеми на 24.063 од почетокот на епидемијата, од кои 15.230 се активни случаи, објави Министерството за здравство.

Бројот на пациенти во болниците продолжува да се зголемува, а бројот на смртни случаи се зголеми на 248.

„Ако е можно, останете дома, тоа е единствениот начин да ја намалиме епидемиолошката крива“, рече на прес-конференција портпаролот на владата, Јелко Кацин.

„Ситуацијата е тешка и се менува од час во час“, рече Кацин, додавајќи дека владата размислува за итни мерки за зголемување на капацитетот на болницата.

Прикажи повеќе...

Регион

Словенечкиот министер Алеш Хојс во самоизолација

Објавено пред

Словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс е во самоизолација.

Тој беше тестиран на коронавирус, изјави владиниот портпарол Јелкo Кацин.

Тој исто така на прес-конференцијата рече дека првиот тест на Хојс за коронавирусот е негативен, пренесува 24UR.

Хојс требаше да ја објасни новата регулатива за ограничувања на движењето меѓу општините на денешната прес-конференција.

Прикажи повеќе...

Регион

Училиштата во Бугарија преминуваат на онлајн-настава

Објавено пред

Училиштата во Бугарија ќе преминат на онлајн-настава поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус, соопшти бугарското Министерство за образование.

Се препорачува првин средните училишта да почнат со таква настава, а основните училишта да бидат префрлени на неа само доколку е потребно, пренесува „Ројтерс“.

Во Бугарија е задолжително да се носат маски и на отворено и на затворено, како и да се држи растојание, а ноќните клубови се затворени две недели.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија45 минути

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да можат да се тестираат за Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа54 минути

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет1 час

Мелбурн: Нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци, во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Економија1 час

Бензините поевтинуваат

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за половина денар,...

Свет2 часа

Мадуро тврди дека венецуелските научници создале лек против Ковид-19 без несакани ефекти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала високоефективен антивирусен лек, што го десеткува коронавирусот без никакви несакани...

Топ3 часа

(Видео) Пронајдени речиси 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од речиси 100 килограми. Уапсен е турски државјанин, кој дрогата требало...

Македонија3 часа

Домашните слави да се празнуваат исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства во државата ги чествуваат домашните...

Регион4 часа

Словенија ги заострува мерките, од вечерва нова забрана за движење – се затвораат општините

Поради големиот пораст на инфекции со коронавирус, Словенија ги заострува мерките, така што од вечерва стапува во сила забраната за...

Економија5 часа

Пандемијата ќе фрли во стечај дури 6.000 австриски фирми

Пандемијата на коронавирусот силно ја погоди австриската економија, па в година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади...

Европа5 часа

Италија ги затвора баровите и рестораните во 18 часот

Италијанските власти издадоа одредба со која се бара сите барови и ресторани да се затворат до 18 часот, а спортските...

Топ6 часа

Стејт департментот: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот...

Свет6 часа

Над 8.000 новозаразени од коронавирус во Германија

Во последните 24 часа во Германија се потврдени 8.685 случаи на коронавирус. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, починале...

Економија6 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати, кои ќе важат од полноќ. Минатата недела...

Македонија17 часа

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет18 часа

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија19 часа

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија21 час

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Регион21 час

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. „Иако РЗИ официјално го укина мојот...

Регион24 часа

Жртвите се скриле во „контејерот на смртта“ во Србија, планирајќи да стигнат до Италија или Белгија

Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај се скриле таму со цел да заминат во...

Досие