Регион
Уапсен лажен полицаец кој ограбувал на автопатот Ниш – Врање

Српската полиција го уапси В.С. (58) од Врање, поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела разбојништво и недозволено производство, држење, носење и трговија со оружје и експлозивни материјали, пишува „Информер“.
На 27 декември 2020 година во раните утрински часови на автопатот Ниш – Врање, кај селото Превалац, В.С. со патничко возило, користејќи лажни регистарски ознаки и трепкачи, пресретнал и запрел автомобил „ауди“ со странски регистарски ознаки, со кое патувале двајца мажи, државјанин на Северна Македонија, а другиот на Албанија.
В.С. кој, како што се сомнева, бил во маскирна униформа, се претставил како полицаец и со закана со оружје им одзел пари, 10.000 евра и мобилни телефони.
При претрес на семејната куќа на осомничениот, полицијата пронашла автоматска пушка, пиштол, муниција, две бомби, службена легитимација, маскирна униформа, трепкачи и капа фантомка.
По наредба на заменик-обвинител на Основното јавно обвинителство во Врање, осомничениот е приведен во траење до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во Обвинителството
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Србија 1.709 новозаразени од коронавирус, 19 починати

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 10.638 лица на коронавирус, од кои 1.709 биле позитивни, а починале 19.
Според најновите податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 161 пациент се приклучени на апарати за дишење во болниците во Србија.
Досегашни корона-рекорди се: најмногу позитивни за еден ден – 7.999, најмногу луѓе на апарати за дишење – 353, најмногу тестирани – 22 837 и најмногу починати – 69.
Регион
За Русија, протерувањето на дипломатот од Албанија е провокација

Руското Министерство за надворешни работи реагира по одлуката на Албанија да го протера рускиот дипломат Алексеј Кривошев поради непочитување на мерките против коронавирусот.
Министерството наведува дека таквиот потег нема да остане без одговор.
Во изјава за „РИА новости“, рускиот заменик-министер за надворешни работи, Александар Грушко, одлуката на албанските власти ја нарече провокација.
„Ова е јасна провокација насочена кон влошување на руско-албанските односи и секако таквиот потег, кој не е пријателски, нема да остане без одговор“, рече Грушко.
Албанија го прогласи рускиот дипломат Алексеј Кривошев за персона нон грата во четвртокот и му нареди да ја напушти земјата во рок од 72 часа по поднесувањето на официјалното известување.
Одлуката на владата на Албанија се однесува на фактот дека рускиот дипломат во неколку наврати не ги почитуваше мерките воведени од властите за да се заштитат од Ковид-19.
Регион
Шербеџија: Мира беше долго време неизлечливо болна, беше во кома

Актерот и режисер Раде Шербеџија зборуваше за смртта на легендарната Мира Фурлан и откри дека актерката долго време била неизлечливо болна и во кома.
„Често бев во контакт со Мира Фурлан. Кога се вратив од Америка, тогаш поретко, но додека живеев во истиот град, Лос Анџелес, често се гледавме и се дружевме. Што да кажам. Не сум ја видел долго време. Таа долго време беше тешко и неизлечливо болна. Беше во кома. Во тоа време секоја врска со неа беше прекината. Но, на сите ни остана во срце бидејќи Мира Фурлан, сигурен сум, беше една од најубавите актерки во поранешна Југославија“, рече Шербеџија.
Тој се присети на моментот кога го отворале театарот во 2001 година и претставата „Кралот Лир“.
„Ленка и јас ја поканивме да ја глуми Луда, но таа не се осмелуваше да дојде. Беше воодушевена, но не се осмелуваше. Беше премногу ранета бидејќи како вистинска херојка таа беше и трагичар во приватниот живот“, рече Шербеџија.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот