Регион
Уникатен метод за лекување рак во Турција

Поради широкото распространување на онколошките заболувања, научниците постојано работат на создавање нови ефикасни методи за борба против ракот. Едно од најновите достигнувања во современата медицина е таканаречената радионуклидна терапија.
Неодамна, овој метод почна да се користи успешно во Медицински центар Анадолу во Истанбул, Турција. Клиниката тесно соработува со светски познатиот институт „Џон Хопкинс медисин“, кој со години е на прво место на листата на центри за рак во САД. Специјалистот по нуклеарна медицина, доцент Кезбан Бербероглу зборува за спецификата на овој метод.
Која е суштината на радионуклидната терапија?
Всушност, тоа е нов вид терапија со зрачење. Нејзината особеност е во тоа што радиоактивната супстанција која се применува на пациентот интравенозно се акумулира во ткивата на туморите, уништувајќи ги однатре. Зрачењето се прикачува директно на клетките на ракот и ги уништува многу прецизно без да ги оштети здравите ткива на телото.
Овој метод се покажа како многу ефикасен во третманот на рак на простатата, невроендокрини тумори на гастроинтестиналниот тракт и панкреасот. Истиот дава особено добри резултати кај напредните форми на рак со метастази и во случаи кога традиционалните методи, како што се хемотерапија и терапија со зрачење, не можат да помогнат. Со самото тоа што здравите органи и ткива не се оштетуваат за време на радионуклидната терапија, пациентите немаат сериозни странични ефекти, квалитетот на животот се задржува, а неговото времетраење се зголемува.
Која е целта на радионуклидната терапија?
Прво, радионуклидот ги напаѓа клетките на ракот, помагајќи да се намали обемот на туморот и индивидуалните метастази додека истите не исчезнат целосно. Дури и ако неоплазмата не може да биде целосно уништена, бидејќи под влијание на зрачење нејзината големина се намалува, има можност да се отстрани хируршки. Во исто време, смртта на клетките на ракот во организмот како целина има корисен ефект врз благосостојбата на пациентот, го ублажува синдромот на болка и другите сериозни манифестации на рак, особено во подоцнежните фази на онколошкото заболување.
Кај кои болести најчесто користите радионуклидна терапија?
Често го користиме овој метод за борба против напреднат рак на простатата со метастази кога стандардните третмани не помагаат. Во тој случај, радионуклидната терапија покажува многу добри резултати, пациентите имаат подобрена состојба и намалена болка.
Во исто време нема странични ефекти, така што пациентите продолжуваат да го живеат својот нормален живот. Ова е особено важно за постарите лица.
Кога лекарите го користат овој метод?
Главно се користи кога хемотерапијата и конвенционалната терапија со зрачење не можат да помогнат во борбата против ракот. Сепак, радионуклидната терапија може да се користи заедно со други третмани.
Во нашата клиника мултидисциплинарен тим специјалисти се занимава со секое онколошко заболување: тие работат заедно за да развијат најефикасен план за лекување, кој може да се состои од неколку видови терапии. Лекарите заедно одлучуваат дали да користат третман со радиоизотоп во конкретниот случај и доколку е така, во која фаза. Односно, би било погрешно да се каже дека ова е „последната надеж“ за пациентите. Се обидуваме да најдеме вистински третман во вистинско време, кое ги зголемува шансите за успех во борбата против ракот.
Колку време трае третманот?
Потребна е прилично голема доза на зрачење за да се уништи малигнен тумор. Не можеме да му дадеме на пациентот таква доза во една сесија, бидејќи на тој начин можеме да му наштетиме. Во тој поглед, третманот се изведува на секои 2 месеца преку 4-6 терапевтски сесии. Со оглед дека овој метод нема странични ефекти и дава добри резултати, пациентите не чувствуваат никаква непријатност.
Колку е безбеден овој метод за пациентот и за другите околу него?
Кога се прави правилно, тој е доста безбеден. Пациентите потоа можат да се вратат дома уште истиот или следниот ден без да претставуваат ризик за другите.
Колку е распространет третманот со радионуклиди денес?
Радионуклидната терапија станува сè попопуларна со појавата на нови научни статии кои ја покажуваат високата ефикасност на овој метод. Но, од многу гледни точки, успехот зависи од искуството и добро координираната работа на медицинскиот тим, од тоа како точно ќе се планира и спроведе третманот и дали ќе се следат неговите резултати.
Точно е дека употребата на методот денес е ограничена со фактот дека потребните радиоизотопи се произведуваат во мали количини и не во сите земји. Затоа, третманот со радионуклиди сè уште се предлага во единствените онколошки центри во светот, а еден од нив е нашата клиника Медицински центар Анадолу.
Можете да добиете детални информации за радионуклидната терапија и други современи методи на лекување на ракот со контактирање на Меѓународниот оддел на Медицински центар Анадолу. Специјалистите ќе одговорат на сите ваши прашања и, доколку е потребно, ќе ви помогнат да добиете „второ мислење“ од водечките доктори во клиниката за вашето заболување, како и препораки за лекување – оваа услуга се обезбедува целосно бесплатно.
+90 262 678 5174
+90 533 498 5665 (whatsapp)
ПР (текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Зеленски: Интензивната офанзива на исток е одмазда за руските загуби

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опиша интензивната офанзива на Русија на исток како одмазда за претходните загуби во војната.
„Мислам дека нема да може да му обезбеди на своето општество некаков убедлив резултат од офанзивата. Јас сум уверен во нашата армија“, рече Зеленски.
„Ќе ги запреме, малку по малку, и ќе ја подготвиме нашата голема контраофанзива“, рече Зеленски додавајќи дека Русите претрпеа огромни загуби во нападите во изминатите неколку недели.
Европа
Грчки воен авион се урна во Јонското Море, се трага по пилотите

Грчки спасувачи трагаат по двајцата пилоти на борбениот авион „Ф-4“ кој се урна во Јонското Море кај западна Грција, јави државната телевизија.
Авионот, кој бил на тренинг лет, се урнал на 25 наутички милји (46 километри) јужно од аеродромот Андравида на полуостровот Пелопонез.
Медиумите објавија дека двајца пилоти се катапултирале од леталото, но властите не можеа да ја потврдат оваа информација.
Регион
Милановиќ: Ја провоцираат Русија од 2014 да почне војна, па ние и Србите не се мразевме толку

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ја коментира ситуацијата во Украина нагласувајќи дека Русија со години била провоцирана.
Тој рече дека Хрватска не смее да биде доведена во ситуација да биде зависна од никого.
„Некои во Европскиот парламент зборуваат за кинење на Русија – тоа е лудост. Ние и Србите не се мразевме толку многу. Тоа лудило, ако не можете да му ставите крај, бегајте затоа што ќе премине на вас“, рече тој.
ZORAN MILANOVIĆ UZBURKAO JAVNOST: „Ako to nije Ante Pavelić, onda je Andrej Plenković; Govori se i o kidanju … https://t.co/4jiR2RIkNB
— Slobodna Bosna (@SlobodnaBosna) January 30, 2023
„Ментално се подготвив за тоа дека ќе бидеме доведени до статус на кловнови. Но, нема да дозволам да станеме циркуски пудлици, а тоа некои се обидуваат да го направат од нас. Да останеме кловнови, тоа е почесна улога, тоа е уметност“, рече Милановиќ.
Според него, влогот е голем во оваа војна и ниту еден од нив не може да отстапи.
„Тоа е опасно и ова го кажувам пред една година и за нападот на Украина. Од 2014 до 2022 година гледаме како некој ја провоцира Русија со намера да ја почне оваа војна. Тој избувна. Помина една година, само сега зборуваме за тенкови. Ќе ги испратиме сите германски тенкови таму бидејќи нема советски тенкови, тие се уништени. И овие ги чека истата судбина. Ме прашувате кое е решението? Тоа го прашувам Вашингтон. Кое е решението? Да се остави Украина без мажи? Јас не сум претседател на Украина“, изјави Милановиќ.
„Русија не е премногу слаба за тоа што го прави. Не станува збор за морал, каде што до вчера луѓето беа разиграни пацифисти во фустани и сега би распарчувале луѓе. Решението не е промена на власта во Русија. Германските тенкови во Харков ќе ги доближат до Кинезите. Ова не е добра работа што се прави“, предупреди тој, додавајќи дека е штетно за Западот.