Контакт

Регион

(Фото+видео) Страшни поплави во Турција, Грција и во Бугарија, расте бројот на мртви, повеќе лица исчезнати – на места брановите биле високи два метра

Објавено пред

Грција, Турција и Бугарија се погодени од силно невреме и поплави во кои загинаа најмалку седум лица, вклучително и двајца туристи во камп во северозападна Турција.

Али Јерликаја, турскиот министер за внатрешни работи, изјави дека уште четири лица се исчезнати во камп во провинцијата Киркларели, во близина на границата со Бугарија, по поројните поплави. Според него, во кампот во моментот на поплавата имало 12 лица.

Еден главен пат исто така е оштетен и затворен поради дождот, пренесува телевизијата „Хабертурк“.

Грчката полиција во вторникот нареди возила да излезат од улиците на централниот град Волос, блискиот планински регион Пелион, како и на туристичкиот остров Скијатос, бидејќи силната бура Даниел ја погоди областа претворајќи ги улиците во поплавени порои.


Рекордните дождови предизвикаа најмалку двајца да загинат, а три лица се водат како исчезнати.

Властите испратија предупредувања на мобилните телефони во неколку други области во централна Грција предупредувајќи ги луѓето да останат во своите домови.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис истакна дека поради климатските промени, се случуваат шумските пожари и бурите.

Николај Денков, бугарскиот премиер, изјави дека две лица загинаа, а три се водат како исчезнати откога невремето предизвика поплави на јужниот брег на Црното Море.

Две лица загинаа во поплавите во општина Царево, а три лица се водат како исчезнати и по нив трага итната помош, соопшти бугарското МВР.

Ова го потврди градоначалникот на бугарскиот град Георги Лапчев.

„Вакви врнежи во Царево немало. Веќе е направена голема штета. Едно село е целосно поплавено. Реката Велека се влева во селото Кости и има делумна евакуација“, рече Лапчев, пренесува „Нова ТВ“.

Според него, повеќе од 100 луѓе се евакуирани.

Силниот ветер предизвика бранови од два метра на плажите во туристичките места. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат автомобили и кампери, кои морето ги однесува во одморалиштето Царево.

Надлежните прогласија вонредна состојба во Царево и ги повикаа луѓето да одат на повисоките катови бидејќи приземјата на некои хотели беа поплавени.

Најново

Култура7 минути

Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“

Со денешните активности и проекцијата во Кино „Фросина“, официјално се заокружува 26. издание на Скопје Филм Фестивал (СФФ). Последниот фестивалски...

Забава9 минути

Џастин Тимберлејк по 20 години откри дека еден од неговите најголеми хитови не е посветен на Бритни Спирс

Американскиот пејач Џастин Тимберлејк (45) конечно ги демантираше гласините дека неговиот хит „What Goes Around… Comes Around“ е посветен на...

Економија18 минути

Златото повторно ја надмина границата од 4.000 долари за унца, централните банки продолжуваат да ги зголемуваат резервите

По неколкунеделни значителни ценовни осцилации, златото повторно ја надмина границата од 4.000 долари за тројска унца. Новите податоци на Светскиот...

Свет20 минути

(Видео) Новинар: Вашето богатство се зголеми за 3 милијарди долари; Трамп: На сите им се зголеми

Американскиот претседател Доналд Трамп му порача на новинар од Си-би-ес дека „требало да поседува акции“, откако новинарот – за време...

Спорт20 минути

Шефот на Мерцедес горд на тимот: По пет години сме повторно на врвот, малкумина успеале да го направат тоа

Тимот на Мерцедес на трката во Бразил ја освои титулата кај конструкторите во овогодинешниот шампионат во Формула 1. Возачите на...

Свет24 минути

Џо Бајден за ракот на простатата: „Нема да можам да водам толку разговори колку што се надевав“

Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, сподели информации за неговата борба со ракот на простатата, истакнувајќи дека „некои денови се...

Забава30 минути

Чекор што многумина го прескокнуваат, а сепак е важен: Зошто е од суштинско значење да ѝ посветите внимание на кожата пред спиење?

Вечерната нега на кожата на телото помага во одржување на хидратацијата и мекоста. Откријте кои креми, масла и активни состојки...

Спорт35 минути

Карик за својата иднина: Ништо нема да се случи

Манчестер Јунајтед успеа магично да освои бод против Астон Вила, но за иднината на тренерот Мајкл Карик сè уште се...

Македонија36 минути

Левица: ДПМНЕ го врати феудализмот – работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15

„Додека Мицкоски секојдневно ја убедува јавноста дека Македонија доживува економска преродба, во државното претпријатие „Национални шуми“ работничките права се враќаат...