Регион
Додик: На Кристијан Шмит од следната недела му е забранет влез во Република Српска
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, најави дека на високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, од следната недела ќе му биде забранет влез во тој ентитет.
„Шмит повеќе нема да биде придружуван. Доколку дознаеме дека влегол, ќе биде избркан од Република Српска. Од следната недела тој нема да може да влезе во Република Српска. Еве, пробајте“, изјави Додик во интервју за тамошна телевизија.
Тој изјави дека Шмит, чиј легитимитет го оспорува бидејќи неговото назначување не било потврдено од Советот за безбедност на ОН, дошол во БиХ „за да ја обезвласти Република Српска“.
„Ако ми го земате имотот, зошто да бидам со вас. За имотот не се согласувам. За мене, тоа е завршено во Уставот“, рече Додик.
Ќе одам на суд, нема да ме затворите дури и да ме судите“, рекол Додик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Драма во Белград: 23-годишен маж силувал старица и ѝ се заканил дека ќе ја убие
Белградската полиција уапсила 23-годишен маж со иницијали С. З. поради сомнение дека силувал старица во нејзината куќа.
По наредба на Обвинителството му била одредена мерка притвор до 30 дена.
Старицата случајот го пријавила во полиција на 7 мај годинава.
Полицијата набргу го идентификувала и го привела.
Според „Телеграф“, С. З. влегол во куќата на постара жена во една белградска населба. Потоа ѝ побарал пари, а бидејќи немала, ја принудил на секс.
„Жртвата рече дека младиот човек ѝ се заканил дека ќе ја убие доколку го пријави во полиција“, пренесува медиумот.
Несреќната жена добила полесни повреди, а била подложена и на здравствени прегледи, според написите.
Регион
Сопругата на Зеленски и шефот на украинската дипломатија во ненадејна посета на Србија
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, заедно со првата дама на Украина, Олена Зеленска, во знак на затоплување на односите меѓу двете земји, беше во ненадејна посета на Србија, пишуваат медиумите во регионот.
Во својата прва посета на Србија од почетокот на руската агресија врз Украина во 2022 година Кулеба се состана со српскиот претседател Александар Вучиќ и новиот премиер, Милош Вучевиќ.
Во соопштението за печатот на кабинетот на премиерот по разговорите се наведува дека „Србија е посветена на почитување на меѓународното право и територијалниот интегритет на секоја земја членка на Обединетите нации, вклучително и Украина“.
Србија прогласи неутралност во однос на војната во Украина, а нејзините власти повторуваат дека Србија никому не му доставува оружје.
Посетата на Кулеба и Зеленска, кои заедно со првата дама на Србија, Тамара Вучиќ, го обиколија главниот град на Србија, наиде на критики во Москва. Рускиот медиум „РИА новости“ објави негативни коментари од читателите, кои посетата ја оценуваат „срамна“.
Регион
Вулин: Голема Албанија може да ја спречат само Србите и српскиот свет, но и Грците
Вицепремиерот на Република Србија, Александар Вулин, реагира на собирот на албанската имиграција одржан во Атина, на која говореше албанскиот премиер Еди Рама и покрај противењето на грчките власти, пренесуваат српските медиуми.
„Следниот пат кога владата на Грција ќе размислува за признавање на таканареченото Косово, нека се сетат како изгледа пречекот на Еди Рама среде Атина“, напиша Вулин.
Според него, она што Рама не можеше да го доживее во Тирана – го доживеа во Атина.
„Признавањето на таканареченото Косово од грчките власти, а исто така и приемот на Приштина во Советот на Европа, би бил немерлив придонес на владата на Грција и Дора Бакојани за создавање голема Албанија. Само Србите и српскиот свет може да ја запрат голема Албанија, но и Грците, драги наши Грци, мислете на тоа“, рече Вулин.