Регион
(Фото) Мистериозна сина светлина над Балканот, граѓаните шокирани, што вели вештачката интелигенција дека, всушност, виделе на небото
Многубројни граѓани од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и од Словенија синоќа на социјалните мрежи масовно споделија фотографии и видеа од необичен феномен на небото – спирално сино светло, кое исчезна толку бргу како што и се појави! Во примарниот недостиг на идеи за тоа што би можело да биде беше прашана и вештачката интелигенција и одговорот се совпадна со теоријата на голем број луѓе.
Појавата во најмала рака предизвика голем интерес кај оние што го забележаа, но и кај оние што ја видоа необичната снимка благодарение на фотографиите на интернет.
View this post on Instagram
Теориите беа многубројни, а немаше недостиг од емоции, почнувајќи од шок, страв, до целосно задоволство. Некои отидоа дотаму што рекоа дека им е чест да бидат присутни на тоа.
Други, пак, не сакаа да останат без решение на мистеријата, па се обратија за помош на вештачката интелигенција.
View this post on Instagram
„Овој феномен на небото се појавува како спирала од светлина, што може да биде резултат на лансирање ракета или сателит. Таквите спирали често се гледаат кога горивото или издувните гасови од ракетните мотори ја рефлектираат сончевата светлина во горниот дел од атмосферата. Слични феномени се забележани по лансирањето на ракетите ‘Спејс икс’ или други вселенски летала. Ако фотографијата е направена неодамна, можно е да е поврзана со едно од поновите лансирања“, се наведува во одговорот.
Nebo nad Ljubljano pravkar. A kdo kaj ve kaj je to, se je sprožil vladni vesoljski program in bodo poleteli v…? pic.twitter.com/LIdYnQCR8l
— Jože Možina (@JozeMozina) March 24, 2025
Ваквото објаснување, дефинитивно, им одговара на некои од граѓаните, кои мислеа дека токму тоа е во прашање.
Имено, според „Бизнис инсајдер“, со оглед на описот и претходните слични појави многу е веројатно дека станува збор за истекување гориво од неодамна лансирана ракета „Спејс икс“ од Флорида. Имено, „Спејс икс“ ја лансира својата ракета „Фалкон 9“, а лансирањето се случи од базата на вселенските сили во Калифорнија. Последното вакво лансирање се случи во саботата кога слични појави беа забележани и на небото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

