Регион
Харадинај: Постои сомнеж дека Курти ќе го подели Косово за да го избегне ЗСО

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека постои сомнеж оти премиерот Аљбин Курти ќе го подели Косово за да го избегне создавањето на заедницата на српските општини, пишува „Косово онлајн“, цитирајќи го „Дукаџини“.
Што се однесува до одвојувањето на северот, пак, на Курти му порачувам дека северот не може да го делат политичарите, тоа е прашање на безбедност, никој не успеал да го раздвои, ниту криминалните банди“, рече Харадинај.
Тој додаде дека е можно „Курти да се заљубил во планот за поделба на Косово“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Уапсен маж кој силувал девојче од нејзината шестта до единаесетта година во Задар

Задарската полиција уапси маж поради тежок случај на педофилија што наводно се случувал повеќе години. Случајот е особено чувствителен поради малолетната жртва, девојче кое било сексуално злоставувано од нејзината шестта до единаесетта година, пренесува „Задарски лист“.
Станува збор за постар маж и девојче од задарски крај кои не се во роднинска врска. Според информациите на „Задарски лист“, тие живееле во истата куќа во сопственост на маж, во која како потстанари живеело семејството на девојчето.
Девојчето долго молчело за злоставувањето, а се пожалило кај училишниот психолог кој го алармирал целиот систем. Родителите не обрнувале посебно внимание на мажот поради неговата возраст, па дури и го пуштиле малото девојче да се прошета со него.
Поради малолетната жртва и чувствителноста на случајот, полицијата не смее да излезе во јавноста со информации за овој настан, а како што рече портпаролката на СВР Задар, Ивана Грбин, на овој начин се обидуваат да избегнат понатамошна виктимизација на жртвата.
Регион
Вучиќ со сопругата на прием кај Бајден: Ја потврдивме нашата посветеност за подобрување на билатералните односи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, беше на официјален прием кај претседателот на САД, Џозеф Бајден.
По тој повод, Вучиќ на Инстаграм напиша дека на приемот кај Бајден ја потврдил посветеноста за натамошно унапредување на билатералните односи меѓу двете земји.
„На официјалниот прием кај претседателот Бајден ја потврдивме нашата посветеност за натамошно унапредување на нашите билатерални односи“, рече Вучиќ.
View this post on Instagram
Инаку, Вучиќ беше на приемот со сопругата Тамара Вучиќ, а на Инстаграм објави заедничка слика со Бајден и првата дама на САД, Џил Бајден.
Регион
„Фрлени бомби врз три куќи на српски политичари во Косово“ – српските власти обвинуваат дека целта е етничко чистење на Србите

Директорот на српската Канцеларија за Косово, Петар Петковиќ, изјави дека во текот на ноќта во Поморавље биле фрлени три бомби врз куќи на претставниците и лидерите на Српската листа со цел да ги заплашат и принудат да ги напуштат своите домови.
Петковиќ обвини дека целта е етничко чистење на Србите, кое Курти, како што вели, континуирано го спроведува.
„Најпрвин околу 2.30 часот била фрлена бомба во дворот на Срѓан Ристиќ, директорот на УО ‘Пчелица Маја’, при што е причинета голема материјална штета, но, за среќа, членовите на семејството се добро. Истовремено, бомба била фрлена и врз семејната куќа и гаражата на Владица Аритоновиќ во селото Глоговце, кој е заменик-градоначалник на општина Ранилуг. И тука е причинета голема материјална штета, а во нападот нема повредени.
Во текот на ноќта била фрлена експлозивна направа кон куќата на Зоран Ристиќ од Ранилуг, директор на Центарот за социјална работа, но експлозија немало.
Според Петковиќ, станува збор за брутално заплашување на претставниците на Српската листа, кои, како што посочи, доаѓаат само неколку дена по заканите на Аљбин Курти дека Србите и Српската листа ќе трпат и ќе платат.
„Курти почна да го реализира својот план првин со апсење тројца Срби, а сега гледаме дека се фрлени бомби врз три српски куќи. Очекуваме сериозно да се сфатат и истражат овие заканувачки напади врз претставниците на Српската листа бидејќи тие испраќаат јасна порака и закана до Србите да ги напуштат своите вековни огништа“, рече Петковиќ.
„Канцеларијата ќе ги информира и меѓународните претставници за овие синхронизирани и планирани напади бидејќи таквите дела со карактеристики на тероризам не смее да се сфатат лесно“, додаде директорот на Канцеларијата.
Српската влада објави фотографии од куќите.