Контакт

Регион

Хашим Тачи му се предаде на ЕУЛЕКС

Објавено пред

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, по оставката, самиот отиде во седиштето на ЕУЛЕКС.

Во просториите на мисијaта се наоѓа и Кадри Весели, кој објави дека е поднесено обвинение и против него, јавува репортерката на „ТВ Прва“.

Според репортерката, судот има 116 сведоци на злосторството.

Специјалниот суд во Хаг го потврди обвинението против Хашим Тачи, а тој го потврди тоа на прес-конференција во Приштина и соопшти дека се повлекува од функцијата претседател.

Регион

Во Србија 7.919 новозаразени со коронавирус, 52 починати

Објавено пред

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 7.919 случаи на коронавирус од 22.069 тестирани, починале 52 лица, а 270 пациенти се приклучени на апарати за дишење.

Поради тешката состојба со пандемијата на коронавирус во Србија, најавени се нови мерки. Претходно државниот секретар на Министерството за здравство, Мирсад Џерлек, рече дека се очекува утре Владата да донесе нови мерки против коронавирусот и дека тие ќе стапат на сила в петок. Тој истакна дека ситуацијата од ден на ден се влошува и тоа е сигнал за реакција бидејќи е очигледно дека постојните мерки не ги дадоа посакуваните резултати.

„Фајзер“ и „Бионтек“ денеска ќе ја достават потребната документација за регистрација на вакцината во Србија до Агенцијата за лекови и медицински помагала.

Прикажи повеќе...

Регион

Силен земјотрес ја погоди Грција

Објавено пред

Градот Тебу во централна Грција денеска го потресе силен земјотрес со јачина од 4,5 степени по Рихтер.

Потресот бил почувствуван на целиот полуостров Атика, а според податоците на Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на потресот се наоѓал на 11 километри источно од Тебу, пренесе агенцијата АНА.

Нема информации за материјална шетата и повредени луѓе.

Прикажи повеќе...

Регион

„Коха“: Тачи ќе го бранат пет адвокати во Хаг

Објавено пред

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ќе го бранат пет адвокати пред Специјалниот суд во Хаг, пишува „Коха“.

Специјализираниот совет објави документ со кој се одобрува ангажирање на дополнителни адвокати за Тачи.

„Коха“ наведува дека на списокот на адвокати на Тачи се Софи Менегон, Дејвид Хупер, Дастид Паласка, Семјуел Блум Купер и Пјер Ричард Проспер.

Поранешниот косовски претседател е обвинет за воени злосторства и злосторства против човештвото, убиства, прогони и тортури извршени за време на конфликтот во Косово.

Тој беше уапсен на 5 ноември и пренесен во затворот на Специјалниот суд во Хаг.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа3 часа

Белгија планира да почне со вакцинација од 5 јануари

Белгија планира да почне со вакцинација на 5 јануари доколку се одобри вакцина развиена против коронавирусот. Премиерот Александер де Кро...

Свет4 часа

Убиецот на словачкиот новинар осуден на 25 години затвор

Словачкиот Врховен суд го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак на 25 години затвор. Оваа пресуда на апелацискиот суд...

Спорт4 часа

Синот на Марадона бара Меси да се откаже од „десетката“ во чест на татко му

Диего Синагра, попознат како Диего Јуниор, синот на Диего Марадона, вели дека бил потресен од гестот на Лионел Меси со...

Македонија5 часа

946 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на...

Македонија6 часа

Лингвистите апелираат: Не прифаќајте разговори за јазик, нација и историја

„Прифаќањето договори за добрососедство, анекси и слично, во кои македонскиот јазик ќе биде заменет со синтагми од типот – официјален...

Македонија9 часа

Сеизмолошка опсерваторија: Земјотресот во Скопје со јачина од 3,5 степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија објави дека денешниот земјотрес бил со јачина од 3,5 степени според Рихеровата скала. Епицентарот на...

Свет9 часа

Во Виена развиен најбрз тест за Ковид-19 во светот

На Виенскиот универзитет за технологија (ТУ Виен) е развиен нов метод на тестирање за коронавирус, кој е исклучително чувствителен и...

Македонија10 часа

Пратениците да покажат бојадисано јајце за Велигден, бара опозицијата во еден од амандманите

Во еден од амандманите на опозицијата се вели дека за време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата...

Македонија11 час

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти

Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти,...

Македонија11 час

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија12 часа

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Економија12 часа

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ(KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со...

Свет12 часа

Русија почна со вакцинација на војниците против коронавирус

Во Централниот воен округ на Русија почна вакцинација на војниците со вакцината против коронавирус „Спутник V“ и прво ќе се...

Регион12 часа

„Коха“: Тачи ќе го бранат пет адвокати во Хаг

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ќе го бранат пет адвокати пред Специјалниот суд во Хаг, пишува „Коха“. Специјализираниот совет...

Свет12 часа

Интерпол предупредува на опасноста од лажни вакцини

Интерпол предупредува дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19. Како што е...

Регион13 часа

Во Хрватска 3.539 новозаразени и 55 починати од Ковид-19

Според официјалните податоци, во Хрватска денес има 3.539 новозаразени лица со Ковид-19, а 55 пациенти починале. Хоспитализирани се 2.408 пациенти,...

Македонија13 часа

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 30 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 16 града

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира во 16 града. Од партијата најавија дека на протестите ќе биде испратена порака до премиерот Зоран...

Свет15 часа

Во САД повеќе од 2.500 починати од коронавирус за 24 часа

Соединетите Американски Држави во вторникот потврдија повеќе од 2.500 смртни случаи за 24 часа, што е најголем број смртни случаи...

Свет16 часа

Велика Британија ја одобри вакцината против коронавирус на „Фајзер“

Велика Британија е првата западна земја што одобри вакцина против коронавирус од производителот „Фајзер“. Британскиот регулатор, МХРА, вели дека вакцината,...

Досие