Регион
Хрватска гради складиштe за нуклеарен отпад на границата со БиХ
Хрватска одлучи да почне со изградба на своe складиште за депонирање нуклеарен отпад во Трговска Гора во Сисачко-мословачката Жупанија, во близина на границата со БиХ, иако одлуката за тоа дали Хрватска и Словенија ќе го одлагаат отпадот од централата „Кршко“ во заеднички склад ќе биде објавена во септември, пренесува хрватскиот портал „Експрес“.
Словенија веќе неколку години планира да изгради заедничко складиште за ниско и средноактивен нуклеарен отпад од централата „Кршко“ во Врбина кај Кршко и се залага за влез на Хрватска во проектот.
Хрватска и Словенија имаат обврска до 2023 година да го згрижат својот дел од отпадот од нуклеарната централа Кршко, која е заедничка.
И покрај тоа што Хрватска има само четири години за подготвка и изградба на складиштeто, сè уште не е направена студија за влијанието врз животната средина и воопшто не е јасно како државата планира да го подготви преземањето на нуклеарен отпад за толку кратко време, вели „Експрес“.
Порталот додава дека ниту еден консензус не е постигнат со локалното население и со БиХ, кои силно се противат на депонирањето на отпадот во Трговска Гора.
Кршко функционира од 1981 година и ќе работи до 2043 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

