Регион
Хрватска: Ѝ веруваме на ЕУ за вакцините, но може и да се ориентираме кон други

Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош, вчера изјави дека верува оти околностите за набавката на вакцините преку Европската комисија ќе се подобрат и додаде дека во спротивно Хрватска ќе се ориентира кон некои други производители.
Според него, Хрватска сè уште е ориентирана на заеднички набавки преку Европската комисија, а во прилог на тоа зборуваат синоќешните најави на производителите на вакцини дека ќе ги зголемат дозите.
„Сепак, ако не е така, ќе мора да се ориентираме и да се организираме кон некои други производители. Хрватска оствари одреден контакт со руските здравствени власти и е добиена одредена документација“, рече Берош.
Тој исто така објасни дека процесот на процена во ХАЛМЕД ќе почне и додаде дека во овој момент тој не може да каже дали документацијата е комплетна и колку ќе трае постапката.
На прашањето дали е можно да се увезе руската „спутник В“ без одобрение од ЕМА во Хрватска, тој објасни дека тоа е теоретски можно преку увоз во итен случај.
„Доколку е потребно, јас лично ќе го поддржам затоа што тоа ќе значи дека механизмите на ЕК и ЕУ не успеаја, што, верувам, нема да се случи“, нагласи хрватскиот министер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.
Регион
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, денес изјави дека алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, откако српскиот лидер Милорад Додик објави дека ќе побара од Москва да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.
Шеќеринска изјави дека НАТО е „трајно посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.
Таа додаде дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на бошњачкиот член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој се сретна со претставничката на НАТО.
„Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ООН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Шеќеринска.
Регион
Албанска министерка го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење

Министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење во ресторан во САД, објавува „Спутник“.
Таа потврди на социјалните мрежи дека го сторила тоа врз основа на пријавата на албански државјанин кој живее во Њујорк, каде што бил во посета нејзиниот заменик Анди Махила. Како што изјави, тој пушел цигара во ресторанот „што предизвикало немир кај присутните“.
Албана Кочиу е првата жена на чело на полицијата во историјата на Албанија, а во претходната влада беше министерка за здравство.
Фото: принтскрин