Регион
Ципрас ја повика Турција да го почитува меѓународното право

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, упати остра порака до Турција, барајќи Анкара веднаш да прекине со нелегалните активности во Егејското Море и да го почитува меѓународното право, објави весникот „Катимерини“.
Ципрас го упати повикот за време на посетата на островот Псара, лоциран северозападно од Хиос во источниот дел на Егејското Море, во рамки на настан, посветен на годишнината од прогласувањето на независноста на Грција.
„Грција има способност да ги зачува своите суверени права и територијалниот интегритет“, рече Ципрас. Говорејќи за прашањето за двајцата грчки војници кои беа приведени во Турција, кога месецов случајно ја преминаа границата, премиерот истакна дека владата во Атина ги вложува сите можни напори за да се увери дека тие ќе се вратат во својата татковина што е можно поскоро .
Во меѓувреме, денеска во Атина се одржа традиционална воена парада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.