Регион
Црна Гора ги отвора границите за Русите и Азербејџанците
Националното координативно тело за инфективни болести на Црна Гора (НКТ) одлучи да ги отвори границите за граѓаните на Русија и Азербејџан.
Според изјавата на црногорската влада, оперативниот штаб за туризам му предложил на НКТ Русија и Азербејџан да бидат додадени на зелениот список на земји чии граѓани може да влезат во Црна Гора без услови и дека НКТ ја разгледува понатамошната либерализација во Црна Гора да влезат граѓаните на државите од Западен Балкан, пренесува ЦДМ.
#NKT: Rezidentima #Rusija i #Azerbejdžan će biti dozvoljen ulazak u CG bez dodatnih uslova. https://t.co/JP3nG0bhq6
(1/2) #CoronaInfoCG pic.twitter.com/c3gvquD4Vs— Vlada Crne Gore (@VladaCG) August 3, 2020
Владата соопшти дека НКТ, со оглед на епидемиолошката состојба во земјите од регионот и особено веродостојноста и релевантноста на достапните податоци, како и потребите на црногорската туристичка економија и националните интереси на Црна Гора, оцени дека не постојат пречки за либерализација на влезот на руските и азербејџанските граѓани.
Сепак, како што велат, одлуката за граѓаните на околните земји е продолжена сè додека црногорскиот Институт за јавно здравје не достави процена на епидемиолошкиот ризик за Црна Гора, заснована врз либерализацијата на влезот на жителите од соседните земји за секоја земја одделно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

