Регион
Црна Гора меѓу десетте земји во Европа со најголем број самоубиства

Лани во Црна Гора 99 лица извршиле самоубиство, со што се вброи меѓу 10 земји во Европа со најмногу суицид. Весникот „Дан“, според податоци на Светската здравствена организација, објави дека во просек 110 граѓани во Црна Гора годишно извршуваат самоубиство, што претставува зголемување за 35 проценти од почетокот на 21 век. Причината се бара во зголемениот број на лица кои страдаат од депресија и зависници од алкохол и дрога.
Од акцијата за човекови права, ги повикаа надлежните институции, во рамките на нивните надлежности, да ги преземат мерките предвидени со Стратегијата за заштита и унапредување на менталното здравје во Црна Гора. Тие бараат да се воспостави телефонска линија за да им се помогне на децата и младите во криза и да се подобри функционирањето на тимовите формирани во центрите за ментално здравје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Рама: Мини шенгенoт е можност за отстранување на границите меѓу Албанија и Косово

Албанскиот премиер Еди Рама го гледа мини шенгенoт како можност за, како што рече, отстранување на границите меѓу Албанија и Косово, но верува дека ќе поминат години додека Приштина да го сфати тоа.
Рама тврди дека идејата за регионален шенген потекнува од поранешниот албански премиер Фатос Нано и дека тој прв ја поттикнал идејата меѓу лидерите на земјите членки на „мини шенген“, пренесуваат приштинските репортери.
Тој исто така смета дека Приштина треба да даде приоритет на дијалогот со Белград, за Косово да достигне повисоко ниво во економска и социјална смисла.
„Првиот регионален шенген беше артикулиран од Фатос Нано во време кога се чинеше лудо. Јас повторно го воведов затоа што беа создадени услови. Регионалниот шенген значи отстранување на границата меѓу Албанија и Косово, но додека тие во Косово го сфатат тоа, ќе поминат години и Косово ќе губи време. Мини шенген е идеја што јас најпрво ја протуркав и имам сведоци за тоа. Откога првпат се собравме во Берлин“, рече Рама.
Говорејќи за дијалогот меѓу Приштина и Белград, Рама изјави дека за него иднината на Косово без решителност да се стави крај на дијалогот е нејасна, не во смисла на независност, туку во однос на капацитетите што можат да бидат на располагање за да се подигне Косово на повисоко ниво, во економски и социјален аспект“.
„Мора да видиме како ќе се одвива процесот на Косово“, рече Рама.
На прашањето за работата на косовскиот премиер Албин Курти, Рама рече дека нема да го коментира Курти пред 26 април, кога се одржуваат парламентарните избори во Албанија.
„Јас не го коментирам Курти. Немам коментари за Курти до 26 април. Тогаш можам да зборувам”, рече Рама.
Регион
Словенија пушти во употреба суперкомпјутер: „Има поголема моќ од оние во Русија“

Со симболично притискање на црвеното копче, словенечкиот премиер Јанез Јанша во Марибор го пушти во употреба суперкомпјутерот „Вега“, проект вреден 17,2 милиони евра, кофинансиран претежно од европските фондови.
„Драго ми е што Словенија застанува рамо до рамо со светските суперсили во областа на информатичките технологии“, порача словенечкиот премиер.
Тој додаде дека суперкомпјутерот поставен во просториите на Институтот за информатички науки во Марибор, а именуван по словенечкиот математичар Јуриј Вега, ќе им служи на домашните и на европските научници.
Според Алеш Бошњак, директор на институтот во Марибор, „Вега“ е еден од најмоќните суперкомпјутери во Европа и во светот.
„Во моментов има само 13 земји во светот кои имаат посилни суперкомпјутери“, рече Бошњак.
Суперкомпјутерот „Вега“ има моќност од 6,9 петафлопси, што е приближно како кога околу 50.000 компјутери би ја правеле истата операција паралелно.
„Моќта на нашиот суперкомпјутер е веднаш зад капацитетите на оние на Велика Британија, а пред оние во Руската Федерација“, рече проректорот на Универзитетот во Марибор, Зоран Рен.
„Суперкомпјутерите ќе им овозможат на европските мали и средни претпријатија да влезат во високотехнолошката економија на иднината“, рече Маргарет Вестагер, потпретседателка на Европската комисија одговорна за дигитална трансформација на економијата, која преку видеоврска им се обрати на учесниците на церемонијата во Марибор.
Регион
Повторно земјотрес во Хрватска

Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтер е регистриран синоќа по 23 часот во Хрватска, пренесуваат хрватските медиуми.
Како што пренесе порталот „Индекс“, епицентарот на потресот бил на 26 километри западно од Загреб.
Потресот траел неколку секунди.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион5 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?