Контакт

Регион

Црн рекорд во Романија: Над 2.000 заразени во еден ден

Објавено пред

Романија го забележа најголемиот дневен пораст на случаи на коронавирус, уште од појавата на пандемијата во земјата кон крајот на февруари.

Во последните 24 часа се регистрирани 2.158 нови инфекции, така што вкупниот број на заразени сега е над 128.000.

Романија, земја со повеќе од 19 милиони жители, досега потврди повеќе од 4.800 смртни случаи поврзани со вирусот.

Европа

Грција се подготвува за екстремен топлотен бран

Објавено пред

Грција се подготвува за екстремен топлотен бран со температури што ќе да се искачат до 44 Целзиусови степени во наредните денови, пренесуваат агенциите.

Грчката метеоролошка служба и Националната цивилна заштита вакво предупредување издадоа денеска, а според најавите, топлиот бран се очекува да трае до 8 август, невообичаено долг период, велат надлежните служби.

Од утре натаму се очекува температурата во текот на ноќта да биде над 30 степени, што е особено тешка состојба за човечкото тело со оглед на тоа што не може да закрепне од топлината, велат експертите.

Кај грчките служби постои и страв дека пожарите би можеле да почнат рапидно да се шират во земјата во која падна малку дожд во последните неколку недели.

Тамошните медиуми потсетуваат дека во 1987 година 4.000 луѓе починаа од сличен топлотен бран кога системите за климатизација сè уште не беа вообичаени. Тогаш особено погодени беа постарите луѓе во градовите.

Големи делови на полуостровот Пелопонез беа изгорени во пожарите во 2007 година за време на уште еден топлотен бран кога загинаа десетици луѓе.

Прикажи повеќе...

Регион

Возачот на косовскиот автобус, во кој загинаа 10 лица, се бранел со молчење

Објавено пред

Возачот на косовскиот автобус, во кој во неделата загинаа 10 патници, а повеќе од 40 беа повредени, се бранеше денеска со молчење за време на испрашувањето во окружното Државно обвинителство во Славонски Брод, пренесуваат регионалните медиуми.

„Го испрашував пријавениот, кој се бранеше со молчење. По ова, ќе се донесе одлука за спроведување истрага поради основано сомнение за сторено кривично дело. Ќе биде предложен и истражен затвор за кој ќе се одлучува на утрешното рочиште закажано за 9 часот“, изјави Фрањо Копунич, претставник од Обвинителството.

Тој потврдил дека на возачот му е доделен адвокат по службена должност.

По сослушувањето, возачот е вратен во притвор. Според поднесената кривична пријава, возачот на автобусот се соочува со затворска казна од шест месеци до 15 години.

Прикажи повеќе...

Регион

На возачот на косовскиот автобус во кој загинаа 10 патници му се закануваат 15 години затвор

Објавено пред

Возачот на автобусот, во кој загинаа 10 лица, а над 40 беа повредени вчера наутро во близина на Славонски Брод, денеска ќе се појави пред Државното обвинителство на Хрватска, а е осомничен за предизвикување сообраќајна несреќа, за која е предвидена максимална казна до 15 години затвор.

Хрватската полиција објави дека е утврден идентитетот на осуммина загинати, додека постапката за идентификување на остантите двајца починати патници продолжува.

Во соопштението од полицијата се наведува дека возачот, 52-годишен државјанин на Косово, со кривична пријава под сомнение дека предизвикал сообраќајна незгода, е предаден на надзорникот за притвор, а потоа ќе биде предаден на државното обвинителство во Славонски Брод за понатамошна постапка, пренесе хрватски „Индекс“.

Досега полицијата утврди дека 52-годишниот косовски државјанин, кој управувал автобус со косовски национални ознаки, не се движел по средината на обележаната сообраќајна лента, туку преминал во тревата покрај патот, а потоа автобусот се превртел на страна.

Во оваа сообраќајна несреќа загинаа 10 лица, 15 лица се здобија со тешки, додека 30 лица со полесни повреди.

Повредените биле пренесени во болница во Славонски Брод за укажување лекарска помош, каде што некои од нив се задржани на понатамошно лекување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Двајца починати и 10 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа,...

Економија6 часа

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија7 часа

(Видео) Јанакиески за притворот: Ова е малтретирање и изживување со човекови судбини

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по објавувањето на пресудата за „27 април“ со која беше осуден на 6...

Македонија7 часа

Пресуда за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски – осудените плански го организирале упадот со цел да се зачува власта

Судот ги изрече пресудите за организаторите за упадот во Собранието на 27 април –  поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е...

Македонија7 часа

Трајко Вељаноски осуден на 6,5 години затвор, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески на 6 и 3 месеци, а Владимир Атанасовски на 6 години затвор

На судењето за организаторите за упадот во Собранието на 27 април, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуден на...

Европа8 часа

(Видео) Големо невреме во Лондон: Поради поплави затворени осум метростаници и две болници

Силен дожд и грмотевици го погодија Лондон што предизвика поплави во некои делови на главниот град на Британија, поради што...

Македонија9 часа

Заев: Скопје никогаш нема да заборави на жртвите од земјотресот и солидарноста по него

Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје и им го одзеде животот на...

Свет10 часа

Фаучи: Најверојатно ќе биде потребна трета доза од вакцината

Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, процени дека на вакцинираните Американци чиј имунолошки систем е загрозен, може да...

Македонија10 часа

Сеќавање за жртвите – Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година во кој 1.070...

Македонија12 часа

Почнува вакцинирањето во домашни услови

Од денеска граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина...

Македонија1 ден

Охридското Езеро засега го задржува статусот на УНЕСКО

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу, Кина, донесе одлука Природното и...

Регион1 ден

Возачот на косовскиот автобус признал дека задремал зад воланот, загина и неговиот колега

Хрватската полиција го уапси возачот на косовскиот автобус кој денеска излета од автопатот кај Славонски Брод, Хрватска. Најмалку 10 лица...

Македонија1 ден

МНР купи електрични тротинети за вработените, набавката била дел од проектот „Зелена дипломатија – новото нормално“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во министерството, образложувајќи...

Свет1 ден

(Видео) Невреме повторно ја погоди Белгија, поплавата носеше возила

Силно невреме повторно ја погоди Белгија и предизвика штета, десет дена по поплавите во кои загинаа 36 лица. Возилата во...

Македонија1 ден

Скопје добива легални ѕидови за слободно користење на уличните уметници

Како дел од активностите на кандидатурата на Град Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“, назначени се две...

Македонија1 ден

Мал процент на граѓани се заразиле со Ковид по две дози вакцина, од утре вакцинација и дома

Само 0,02 отсто од македонските граѓани се заразиле со коронавирус по вакцинацијата. Конкретно, од вкупно 330.320 граѓани со примени две...

Македонија1 ден

Гужви на Богородица и Табановце, за влез и излез во државата се чека и до 45 минути

Големо раздвижување на граничните премини има утрово. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на граничните премини Богородица и Табановце задржувањето за...

Македонија2 дена

Силно сме спротивставени на корупцијата, велат од Владата по извештајот на Стејт Департментот

Силно сме спротивставени на корупцијата – за разлика од претходната, оваа Влада сериозно ги зема предвид и постапува по меѓународните...

Македонија2 дена

Заев: Во првиот круг секој ќе настапи со свој кандидат, а во вториот ќе коалицираме со ДУИ, БЕСА и ДПА

Бидејќи сме коалициони партнери со ДУИ, БЕСА и со ДПА, заедно ќе настапиме за локалните избори, изјави премиерот и претседател...

Македонија2 дена

Регистрирани 37 нови случаи на коронавирус, најмногу во Тетово и Скопје

Во последните 24 часа се направени 4.264 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Тетово – 13, Скопје...

Досие