Регион
Црн рекорд во Србија: Заразени 757 лица за едно деноноќие
Во последните 24 часа, 757 лица во Србија се заразиле со коронавирус, од 6.882 направени тестови.
Починале уште три лица.
Според последните податоци на Министерството за здравство, има 23 пациенти на респиратори во здравствени установи низ целата земја.
Денешните податоци покажуваат скок на бројот на новозаразени за 178 пациенти во споредба со вчера, кога беа тестирани 8.209 лица, 579 беа позитивни, а тројца починаа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Се урна дел од таван на пазар во Загреб
Дел од таванот се урна во хала на пазарот Долац во Загреб. Пред влезот има редица муштерии, но на вратата е истакнат предупредувачки знак, а работниците објаснуваат дека халата денес е затворена.
Според информациите на хрватските медиуми, таванот се урнал утрово во левиот дел од пазарот, а влезот е блокиран додека не заврши поправката.
Работниците велат дека штетата треба да се санира до утре.
Регион
Курти: Единствено решение се нови избори
Косовскиот премиер Албин Курти, изјави дека нема друга опција освен одржување нови парламентарни избори, откако неговиот предлог за нова влада не го доби потребното мнозинство во парламентот.
Неговиот предлог бил поддржан од 56 пратеници, а биле потребни најмалку 61.
„Пред секој договор што ја искривува волјата на граѓаните, ние избираме избори. Земјата нема друг пат ниту начин освен нови избори“, изјави Курти.
Тој рече дека Демократскиот сојуз на Косово (ДСK) и Социјалдемократската иницијатива (НИСМА) одбиле да бидат дел од владата што тој ја предлага, и додаде дека тоа ја оневозможило и изборната соработка за изборот на нов претседател на Косово во март идната година.
Регион
Рама: Министерката создадена со вештачка интелигенција „ќе роди“ 83 дигитални помошници за парламентот
Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека нивната министерка создадена со помош на вештачка интелигенција, Диела, ќе „роди“ 83 дигитални помошници кои ќе работат како виртуелни асистенти на пратениците од Социјалистичката партија.
Според Рама, тие асистенти ќе ја подобрат ефикасноста и транспарентноста на парламентот, водејќи евиденција за седниците, подготвувајќи анализи и предлагајќи политики засновани на податоци.
Диела, која беше именувана во мај 2025 година, е првата виртуелна министерка во светот создадена со помош на вештачка интелигенција. Нејзината задача е да ја следи законитоста и транспарентноста на државните тендери и да спречи корупција, со користење алгоритми што одлучуваат без човечко влијание.
Рама ја опиша иницијативата како чекор кон „целосно транспарентна и безкорупциска“ администрација, а метафората за „трудна министерка“ симболично го претставува ширењето на вештачката интелигенција во повеќе сектори на управувањето во Тирана.

