Регион
Чедомир Јовановиќ по битката со коронавирусот: Не личам на себе
Лидерот на српската партија ЛДП Чедомир Јовановиќ по излегувањето од болница зборува за својата борба со коронавирусот во разговор за српската 1ТВ.
„Тоа што луѓето можат да го прочитаат и слушнат е точно. Но, недостига чувството кое ќе го стекнете кога же се соочите со искуството. Опасноста дека можам некого да заразам постојано ми беше во умот. Сте ги изложиле на опасност пријателите и семејството, за тоа размислував повеќе од било што друго. Ние како општество направивме многу погрешни чекори, вообичаено сме паметгни кога удирамењњ со глава во ѕид. Болеста не бира. Голема е одговорноста кога ќе разбирате дека некого можете да заразите“, рекол Јовановиќ
Според него, медицинскиот персонал не правел разлика во пристапот кон него и останатите пациенти, биле внимателни и одговорни со сите.
„Оваа маска, би ја изел повеќе пати до сега, но таа ме чува и мене и другите. Една ноќ дојдоа 320 луѓе на Инфективната клиника и не знаете како да им помогнете. Изгубив многу килограми едвај личам на себе“, вели Јовановиќ во интервјуто.
Тој нагласува дека неговото шестчлено семејство е во добобра состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Силен земјотрес во Босна, почувствуван и во Хрватска
Прилично силен земјотрес во 17:31 часот го потресе подрачјето на БиХ, јавуваат регионалните медиуми.
Потресот се почувствувал и на подрачјето на цела Далмација.
Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека магнитудата на земјотресот изнесувала 4,5 степени според Рихтеровата скала и дека се случил на 51 километар североисточно од Сплит, односно 13 километри северозападно од Ливно.
„Слободна Далмација“ пренесува коментари од читатели кои го почувствувале потресот.
„Многу силно тресеше, баш силно“, пишува еден од нив. „Беше ужасно, се слушна некаков звук пред тоа“, додава друг. Читател од Загорје јавил дека силно затресло и дека истрчале од куќата.
„Неколку секунди пред главниот удар почна лесно тресење, а потоа навистина силно затресе“, додал уште еден читател.
Според системот „Андроид Ерткуејк Алертс“, земјотресот се почувствувал на подрачјето на Босна и Херцеговина и Хрватска. Бил почувствуван и во сплитското, макарското, шибенското и дубровничкото подрачје.
ЕМСЦ известува дека епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од приближно 10 километри под земјината површина.
Засега нема извештаи за материјална штета ниту за повредени лица.
Регион
Вучиќ за сојузот на Тирана, Загреб и Приштина: Целта е да нè окупираат
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека во наредните месеци нема да има мир во Украина, ниту потпишан договор. Тој исто така предупреди дека се прават сојузи против Србија за еден ден да ја нападнат.
За време на церемонијата по повод Денот на српската државност и доделувањето на одликувања, тој истакна дека, кога станува збор за војната во Украина, таа нема да биде запрена ниту во наредните недели ниту месеци.
„Луѓе умираат секој ден. Нема да има мир ниту во Азија ниту на Блискиот Исток, каде што се соочуваат две цивилизации со различни погледи на светот. А оние што живеат во мир се подготвуваат за војна, а не за успех“, рече Александар Вучиќ.
Во согласност со сето тоа, додаде тој, Србија треба да научи некои лекции.
„Би го предложил во три точки. Прво, Србија мора да се обиде да го зачува мирот. Ние сме една од нациите што најмногу страдаат и треба да го зачуваме демографскиот капацитет“, рече Вучиќ, а потоа додаде:
„Под два, ќе бидеме притиснати посилно и повеќе од кога било. Сојузите што ги склучуваат против нас не беа направени за да бидат втора или петта вест во вестите, туку активно да дејствуваат против нас и да создадат единствено поле на дејствување без камче во чевелот, а Србија е камче во таа чевел.“
„Затоа мора да ја спасиме Србија бидејќи тие склучуваат сојузи за да ја нападнат Србија од различни насоки. Го кажувам она што го знам, а кога ќе избувне уште една поголема војна, целта е да имаме сили кои се способни да ја окупираат нашата земја“, истакна тој.
Поради ова, како што истакна, мора да бидеме подготвени да ги зајакнеме сите капацитети на земјата.
Вучиќ ѝ се заблагодари на СПЦ за зачувувањето на единството на народот. „Во периодот и во времето што доаѓа, треба да бидеме, ако не и обединети, затоа што ни треба демократија, не еднодушност, туку да се обидеме да најдеме и да разбереме што е заедничкиот именител и што е тоа што треба да го направиме заедно за буквално да преживееме, да ја зачуваме земјата и да можеме да одиме напред“, рече српскиот претседател.
Регион
Брнабиќ: Вучиќ не кажа ниту еден лош збор за Шекеринска
Меѓународната секретарка на СНС, Ана Брнабиќ, денес изјави дека соопштението на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) за српскиот претседател Александар Вучиќ е срамно и истакна дека Вучиќ не кажал ниту еден лош или несоодветен збор за заменичката генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, пренесуваат српските медиуми.
Според написите, по повод обвинувањата од најголемата опозициска партија во Северна Македонија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) дека Вучиќ се однесувал навредливо кон Шекеринска на маргините на Минхенската безбедносна конференција, Брнабиќ истакна дека претседателот Вучиќ најмногу ги почитува жените и дека постојано нагласува дека тие се столбот на стабилноста во секое општество.
Таа побара од СДСМ да не ги извртува зборовите на претседателот на Република Србија, повнимателно да слуша што зборува Александар Вучиќ и да не го релативизира кршењето на меѓународното право и Повелбата на ООН во случајот со Србија.
„Прво на сите, сакам јасно да подвлечам дека Александар Вучиќ не кажа ниту еден лош или несоодветен збор за г-ѓа Радмила Шекеринска. Секој што сака и кого го интересира вистината, може да се увери во тоа слушајќи го снимањето од изјавите на претседателот на Србија од Минхен“, рече Брнабиќ во соопштението.
Како што додаде, секој што има барем површно познавање на Александар Вучиќ и неговата работа знае дека тој најмногу ги почитува жените и дека постојано нагласува дека жените се столб на стабилноста во секое општество.
Според неа, ако го погледнете тимот на Вучиќ во Кабинетот на претседателот на Републиката, партијата чиј претседател беше многу години или членовите на Владата на Србија од 2014 година, можете да видите дека никој повеќе не им верувал на жените, кои се и негови најблиски соработници.
„Првата жена премиер во историјата на Србија ја назначи Александар Вучиќ, за разлика од СДСМ, кој никогаш не ѝ дал таква доверба на жена. Конечно, можно е дека СДСМ сака да нè убеди дека НАТО не извршил агресија и не го прекршил меѓународното право со бомбардирањето на Србија и Црна Гора, иако е тешко да се убеди македонскиот народ во ова бидејќи некои од тие бомби завршиле таму“, истакна Брнабиќ, пренесува „Политика“
Таа додаде дека е можно и дека СДСМ сака да нè убеди дека со агресијата во 1999 година, НАТО не ја поддржал и не помогнал директно нелегалната еднострана декларација за независност на дел од територијата на Република Србија, што е сосема спротивно на основните принципи на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации, на кои толку многу се повикуваат денес.
„Дури ни членовите на СДСМ не веруваат во тоа. Имајќи го сето ова предвид, го молам СДСМ да не ги извртува зборовите на претседателот на Република Србија, внимателно да слуша што зборува Александар Вучиќ и да не го релативизира кршењето на меѓународното право и Повелбата на ООН во случајот со Србија. Што се однесува до довербата во жените, би било добро тие самите да ги следат принципите што ги постави Александар Вучиќ во својата работа“, рече Брнабиќ.
Таа додаде дека Српската напредна партија секогаш ќе реагира на ваквите подметнувања и дека македонскиот народ засекогаш ќе остане братска нација за српскиот народ.
„Ние сме единствените што имаме само пријателски односи со Северна Македонија, немаме претензии за нивниот суверенитет и територијален интегритет и секогаш, благодарение првенствено на Александар Вучиќ, се обидувавме да им помогнеме кога беа во неволја. Србија, предводена од него, ќе продолжи да го прави тоа и во иднина, без разлика на се“, заклучи Брнабиќ, пренесуваат медиумите во соседството.

