Регион
Шест деца се убиени во масакрот во училиштето во Србија: „Ми ги уби двајцата другари, лежев врз нив“ – сведочи ученик
Четиринаесетгодишниот ученик Коста Кечмановиќ, кој упадна во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, убил најмалку шест лица, а неколкумина се повредени.
Пукањето се случило околу осум часот кога Коста К. влегол во училиштето и почнал по случаен избор да пука во соучениците со оружје на својот татко.
Пред училишната зграда има видно вознемирени деца, но и нивните родители.
„Ми ги уби двајцата другари, легнав врз нив да помисли дека сум мртов“, вели ученик за пукањето во училиштето во Врачар.
Загинаа најмалку шест деца, а неколкумина се повредени.
Три деца се хоспитализирани на Детската универзитетска клиника, две се стабилни, а едно дете е во критична состојба.
Според неофицијални информации, повеќе од десет ранети деца се пренесени на Ургентниот центар.
Првиот ранет бил чуварот, кој набргу по пукањето починал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучевиќ: Разговорот на Вучиќ со Трамп е добар знак за нашата земја
Српскиот премиер Милош Вучиќ изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ бил меѓу првите лидери кои разговарале со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и дека тоа е добар знак за Србија.
Вучиќ изјавил дека ова е добра вест за земјата и дека бил задоволен од разговорот на кој присуствувал и Илон Маск.
„Претпоставувам дека тоа е добар знак за Србија. Претпоставувам дека тоа е нешто со што треба да се гордееме, добра вест“, изјави Вучевиќ.
Милош Вучевиќ изјави и дека најважно во овој момент е државните органи да утврдат зошто и како се урнала настрешницата на железничката станица во Нови Сад, што го очекуваат и семејствата на загинатите во таа огромна трагедија и најави дека обвинителството може во следните два-три дена да излезе со првите информации.
Регион
Прв снег и во Србија, температурата синоќа беше минус пет степени
На Копаоник од утринава паѓа снег. Забеле и во Златибор и во околината на Прокупац.
Од утрово на Копаоник паѓа слаб до умерен снег.
Природна покривка има речиси еден сантиметар на надморска височина од 1.000 метри до врвовите.
Ова е прв снег оваа зима во Србија, а според метеоролозите од Метеоролошката станица на Копаоник, врнежите се очекува наскоро да престанат, пренесува rts.rs.
Температурата синоќа се спушти до минус пет степени.
Метеоролозите и надлежните предупредуваат на густа магла и дополнителна претпазливост за возачите, бидејќи видливоста е намалена.
Во пониските предели повремено врне и слаб дожд. Температурата на повисоките места ноќе е околу нула или степен пониска, додека дење е потопло.
Регион
Борисов предложи коалиција помеѓу четири партии за формирање влада: „Би управувал јас“
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, ја најави можноста за формирање влада со Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија (ПП – ДБ), Бугарската социјалистичка партија (БСП) и Има таков народ (ИТН).
Рече дека бугарската влада може да биде формирана без учество на ДПС – Нов почеток, фракцијата на Дељан Пеевски, Алијансата за права и слободи (АПС), без Преродба (Вазраждане) или Морал, единство, чест“ (MEЧ) затоа што не се од исти идеолошки семејства, пренесува „Бнр.бг“.
Изборот на претседател на собранието не е цел сам по себе, туку појдовна точка за почеток на преговорите, појасни Борисов и посочи дека ГЕРБ-СДС повторно предлага оваа функција да ја пополни Раја Назарјан.
Таква влада можам да управувам само јас – да ја заштитам од влијанието на земјите што ќе се обидат да формираат кабинет од други партии“, изјави Борисов.
Лидерот на Преродба, Костадин Костадинов, од собраниската говорница рече дека без Преродба не може да има стабилна и долготрајна влада.