Контакт

Регион

Шолтес: Се надевам дека Белград и Приштина во следните месеци ќе постигнат договор

Објавено пред

Известувачот на Европскиот парламент за Косово, Игор Шолтес, и натаму верува дека, во интерес на ЕУ, Србија и Косово, во следните неколку месеци можно е да се постигнат сеопфатен мировен договор.

„Се надевам дека ова ќе дојде брзо”, ијзави Шолтес за новинската агенција „Танјуг“.

Пред неколку дена во Брисел се одржа нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина. По состанокот кој се одржа меѓу српскиот претседател, Александар Вучиќ, и косовскиот претседател, Хашим Тачи, портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, изјави дека не е неуспех ако нема договор меѓу Белград и Приштина во 2019 година како што е наведено во нацрт-стратегијата за Западен Балкан.

Таа не сакаше да спомне конкретен датум за постигнување договор бидејќи тоа, како што истакнува, зависи од нивниот напредок.

Регион

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Црна Гора, е објавено на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот е регистриран во 14.47 часот, четири километри североисточно од Улцињ, на длабочина од два километра.

Според првите информации, земјотресот се почувствувал и во северниот дел на Албанија.

Земјотресот не предизвика материјална штета во епицентралната област.

Прикажи повеќе...

Регион

Во пожар во Загреб изгореа два автомобила, седум се оштетени

Објавено пред

Рано изутринава на улицата Алберт во Загреб избувна пожар во еден автомобил, а многу бргу огнот се прошири и на уште неколку други автомобили, соопшти хрватската полиција.

Од полицијата соопштија и дека во тек е истрага која треба да докаже зошто дошло до пожарот.


„Индекс.хр“ објави дека пожарот што избувнал во еден автомобил се проширил на уште осум и дека два автомобила речиси целосно изгореле, а другите се само оштетени.

 

 

Прикажи повеќе...

Регион

Грција: Сомнителен пакет најден пред зградата на обвинителот на Врховниот суд

Објавено пред

Грчката полиција отстранила сомнителен пакет пред зградата во која живее обвинителот на Врховниот суд, Исидор Дојаикос, по дојава дека во него се наоѓа бомба, пренесуваат грчките медиуми.

Полицијата го обезбедува местото каде што е најден сомнителниот пакет, пренесе АП и додава дека инцидентот носи потпис на ултрадесничарските екстремистички групи.

Полицијата соопшти дека сомнителниот пакет е пронајден во делот за багаж на еден мотоцикл паркиран пред зградата.

Инаку, Дојаикос бил вклучен во случај на екстремистичката група „Златна зора“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија2 часа

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија3 часа

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија4 часа

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања6 часа

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија6 часа

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток7 часа

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија7 часа

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија8 часа

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Крвав четврток8 часа

Албанец го известувал Чавков дека се спрема изгласување претседател на Собранието

Во пораките пронајдени од вештачењето на мобилниот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, пронајдена е вибер-комуникација, во која...

Македонија10 часа

(Видео) Спасовски: Одговорноста барајте ја кај судиите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека не размислува за оставка од функцијата по синоќешниот неуспешен обид на полицијата...

Свет10 часа

(Видео) Хамас лансира над 400 ракети кон Израел во најжестокиот борбен судир од 2014 година

Палестинските милитанти утрово кон Израел лансираа најмногу ракети од конфликтот во 2014 година предизвикувајќи израелски воздушни напади врз телевизијата на...

Македонија11 час

Мијалков: Не знам каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и прв братучед на Никола Груевски, Сашо Мијалков, пред почетокот на денешното рочиште за случајот „Титаник...

Европа11 час

(Видео) 15-годишно девојче се бори за живот по сообраќајната несреќа на автобус во Лондон

Дваесет лица беа повредени, од кои едно лице доби тешки повреди во сообраќајната несреќа на еден автобус во лондонската област...

Свет11 час

(Видео) Расте бројот на загинати во пожарот во Калифорнија

Пожарите што беснеат веќе неколку дена во Калифорнија беа прогласени за најсмртоносни во земајата и досега однесоа најмалку 42 човечки...

Македонија12 часа

СДСМ: Груевски го допре дното

Груевски го допре дното, но нема да побегне од одговорност, велат од СДСМ. Од партијата велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Економија13 часа

Од денеска пониски цени на горивата

Од ноќеска на полноќ цената на бензините се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти Регулаторната...

Македонија13 часа

Мицкоски се сомнева дека власта не знае каде е Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сомнева дека власта не знае каде се крие неговиот претходник Никола Груевски кого полицијата...

Македонија21 час

Јанушев: Груевски не се крие во седиштето на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во врска со потерата за експремиерот Никола Груевски, рече дека ова што се случува...

Македонија1 ден

СЈО: Во случајот „Империја“ испрани се речиси 11 милиони евра

Во случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен...

Досие