Контакт

Регион

Шумски пожар во источна Атика

Објавено пред

Голем шумски пожар избувна во источнот дел на Атика, поточно во општината Рафина. Во гаснењето на пожарот учествуваат 47 пожарникари со 20 возила, два пешадиски тима, два специјални тима, два авиона и три хеликоптери, соопшти противпожарната лужба на Грција.

Шумскиот пожар е во близина на населбите каде што пред точно една година во катастрофалните пожари животот го загубија 102 лица.

Активен е уште еден шумски пожар, исто така во источниот дел на регионот Атика. Таму интервенираат 13 пожарникари со пет возила, еден авион и еден хеликоптер.

Регион

Маскирани мажи нападнале гости во кафуле во Хрватска што гледале фудбал, петмина повредени

Објавено пред

Гостите на едно кафуле во општината Бискупија во близина на Книн, го гледале фудбалскиот натпревар на „Црвена звезда“ кога група маскирани мажи влегле во кафулето и ги нападнале, пренесува „Далмација данас“.

Во нападот се повредени пет лица, кои биле пренесени во болница. Според непотврдени информации, еден од напаѓачите имал мачета.

„Дојава за инцидентот добивме околу 22:30 часот. Непознати лица влегле во угостителски објект во Уздоље. Прво вербално, а потоа и физички ги нападнале сопственикот на кафулето и гостите во објектот. Пет лица се здобиле со полесни повреди,” вели Марица Косор, портпарол за полицијата во Шибеник-Книн.

Полициските службеници привеле неколку лица кои биле поврзани со инцидентот во полициската станица за кривична истрага.

Прикажи повеќе...

Регион

Мицотакис: Правата на Грците во Албанија се услов за ЕУ интеграцијата

Објавено пред

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис изјави дека почитувањето на правата на грчкото малцинство во Албанија е услов за земјата да добие датум за преговори  со Унијата.

„Главната загриженост на грчката влада и моја лична загриженост е ефикасната заштита на малцинските права на грчкото национално малцинство во Албанија што е услов за почеток на преговорите за интеграција на Албанија во ЕУ“, се наведува во писмото на грчкиот премиер Мицотакис.

Тој додава дека грчката влада и Нова демократија отсекогаш биле на страната на грчкото малцинство во Албанија.

Истовремено шефот на грчката дипломатија додаде дека билатералните односи помеѓу двете земји дополнително ќе се развиваат и засилуваат.

Прикажи повеќе...

Регион

Се распушти косовското собрание

Објавено пред

Со 89 гласа „за“ и еден „против“, собранието на Косово донесе одлука за распуштање на шестото свикување на косовскиот парламент.

Претходно, со 103 гласа „за“ на собранието беше донесен закон за ратификација на договорот ИПА 2018 со Европската Унија во висина од повеќе од 90 милиони евра.

Немаше расправа за распуштање на косовското собрание, туку за иницијативата на шефот на пратеничката група Демократска партија на Косово, Мемљи Красниќи, се изјаснија шефовите на парламентарните групи.

По денешната одлука на Собранието, претседателот на Косово има уставен рок од десет дена да закаже вонредни и предвремени парламентарни избори.

Весникот „Коха нет“ денес објави дека изборите се закажани за 6 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ24 минути

2019 е најцрна година на патиштата во земјава – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства кои живеат во трагедии...

Топ1 час

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија2 часа

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија3 часа

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија3 часа

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет4 часа

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија4 часа

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа5 часа

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија16 часа

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија16 часа

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион17 часа

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија19 часа

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија19 часа

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија20 часа

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија20 часа

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија23 часа

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија23 часа

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Топ1 ден

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион1 ден

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Свет1 ден

Преродба на големата осумка, Трамп и Макрон ја поканија Русија на Г7

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлогот на Емануел Макрон да ја покани Русија на самитот Г7 во САД в...

Досие