Регион
Ѓуриќ раскажа што се случувало на Косово: Ме влечеа како куче за да ме понижат

Шефот на српската канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, изјави дека вчера албанските сепаратисти, како што ги нарече, се обиделе на брутален начин, со насилство и терор да го заземат северот на Косово.
Џуриќ, кој првпат се обрати до јавноста по апсењето, изјави дека е горд на српскиот народ кој се бранеше за време на настанот.
„Тоа за мене не се полицајци, туку е разулавена терористичка банда“, рече тој.
Џуриќ додаде дека припадниците на полицијата го влечеле како куче, го тегнеле за вратоврската по улица обидувајќи се да го понижат.
„Се обидеа да ме понижат. Освен удари, набивање на главата на колениците и правење селфија, се обидоа да ме заплашат набивајќи ми калашников во стомакот. Еден од нив извлече и нож. На патот кон Приштина викаа ‘Алах акбар’“, ракажа директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија.
Според неговите зборови, кога го извадиле од транспортерот и го воделе низ улиците во Приштина, целта била да го стават во некој подрум.
„Да не беше еден повик од Белград, насилството во Митровица и теророт над Србите ќе продолжеше. Фала богу, заврши“, рече Ѓуриќ.
Ѓуриќ вчера во Приштина беше приведен, за време на неговата посета на Косово. Косовските власти образложија дека тој нелагално ја преминал границата, додека српските велат дека посетата на Ѓуриќ била уредно и навремено пријавена. Дел од косовските медиуми напишаа дека апсењето на Ѓуриќ го нарачал косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, со цел да го понижи. Европската претставничка Федерика Могерини најави вонредна средба вечерва со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, откако вчера ЕУ официјално апелираше на разум и смиреност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Сплит казната за одење во костим за капење на улица и пиење алкохол на јавно место е 150 евра

На првиот ден од годинава во Сплит стапи на сила новата одлука за комунален ред во која се пропишани повисоки казни за прекршителите, па може да се очекува летово да нема туристи во костими за капење на улиците, бидејќи доколку бидат фатени по комунален ред ќе им следува казна од 150 евра, известуваат хрватските медиуми.
Истата казна од 150 евра е пропишана и за оние кои пијат алкохол на јавни места, а казната за шетање куче без поводник е согласно одлуката за условите и начинот на чување миленици и изнесува 66,36 евра за физичко лице.
Жителите на Сплит и нивните гости по улиците ќе ги надгледуваат 21 комунален редар, а уште 12 ќе чекаат на повик во зградата на градската управа.
Од август 2020 година, градот Дубровник има слична одлука за комунален ред, а минатата година првите разголени туристи платија општински казни од 1.000 куни.
Новата сплитска одлука за комунален ред е донесена на последната седница на Градскиот совет во 2022 година, а стапи на сила од новата година.
Регион
Хорор во Хрватска: Пациентка со нож избоде познат психијатар

Психијатарот Елвира Коиќ беше повредена во саботата попладне во својата канцеларија во Вировитица кога 37-годишна пациентка ја нападна и ја избоде со нож, пишуваат хрватските медиуми.
Докторката е пренесена во Општата болница Вировитица, каде што е на лекување, а според информациите, нејзиниот живот не е во животна опасност. Пациентката е уапсенa.
Елвира Којиќ е познат психијатар во Хрватска, којa голем дел од својата кариера посветила на работата со хрватските бранители кои страдаат од пострауматско стресно растројство, пренесува „Вечерњи лист“.
Регион
Курти: Не добив соодветни аргументи за формирање за Заедницата на српските општини

Косовскиот премиер Аљбин Курти смета дека европскиот предлог е добра основа за договор со Србија и дека е подготвен да разговара за договорите постигнати во Брисел, но рече дека не добил соодветни аргументи за формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО).
Курти рече дека „не смета дека е неопходно да се создаде ЗСО, но оти е подготвен за дискусии за правата на немнозинските заедници“.
Откако го видел француско-германскиот предлог, вели тој, оттогаш преговараат за постигнување договор.