Регион
Јункер: ЕУ да се отвори кон Западен Балкан за да нема нови војни

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека Европската Унија треба да се отвори кон прифаќањето нови членки од Западен Балкан за да се избегне ризикот од нови војни во регионот.
Јункер, обраќајки се во Европскиот парламент, нагласи дека доколку ЕУ не се отвори кон овие земји што се наоѓаат во многу комплициран и трагичен регион и доколку не им даде европска перспектива, постои можност за враќање на војната во ова подрачје, каква што имаше во 90-тите години.
„Не сакам да видам нова војна на Балканот, па затоа мораме да се отвориме за нив“, рече Јункер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Страшна сообраќајка во БиХ, пешак за неколку чекори избегна смрт

Во градот Добој во БиХ викендов се случила страотна сообраќајка во која пешак со многу среќа успеа да се спаси од фатални повреди.
На снимките кои ги објави порталот „MojДобој.инфо“, се гледа пешакот кој оди по тротоар додека од далеку се приближува едно возило.
Во рок од неколку секунди по тој автомобил се појавува уште еден, обидувајќи се да го претекне. Во истиот момент, првото возило се обидува да сврти лево и тогаш се случува страшна сообраќајка, која пешакот го заобиколува за само неколку чекори.
Хрватски „Индекс“, повикувајќи се на информации од локалните портали, пренесува дека во едно од оштетените возила било и дете, но дека во инцидентот нема сериозно повредени.
Регион
Хрватска воведува национална пензија од 100 евра месечно за лица над 65 години без приходи

Во Хрватска лица над 65-годишна возраст, кои немаат никаков приход, а можеби ни имот, треба да добиваат 800 куни (околу 107 евра) национална пензија месечно од 2021 година. Хрватското Министерство за труд и пензискиот систем забрзано работат на донесување нов закон за националните пензии за што во текот на оваа недела треба да се изјасни работна група составена од експерти, социјални партнери и здруженија на пензионери.
За време на последната парламентарна изборна кампања ХДЗ вети воведување национална пензија, а според државниот секретар Мајда Буриќ, предлог-законот треба да биде во владина процедура уште во јануари или февруари.
За да добие право на државна пензија на Хрватска, лицето на возраст од 65 години мора да живее во земјата од 45-годишна возраст. Националната пензија би изнесувала 800 куни месечно и во зависност од критериумите, на неа може да сметаат помеѓу 8.000 и 22.000 граѓани од Хрватска што немаат друг приход.
Регион
Бомба фрлена во центарот на Подгорица

Експлозивната направа беше фрлена во кафулето „Велдер паб“ во центарот на Подгорица.
Тоа се случило околу три часот наутро на булеварот Иван Црноевиќ, пренесува ЦДМ.
Силна детонација ги вознемирила жителите на тој дел од градот, а полициската истрага сè уште трае.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија6 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија2 недели
Јовановски: Вештачењето на камерата од моите родители ќе покаже кој замина со торбата и каде