Регион
Авион полетал од Србија за Дизелдорф, но пилотот побарал итно да слета: „Ер Србија“ се огласи за летот
Пилотот на авионот што вечерва полета за Дизелдорф од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ побарал да слета веднаш по полетувањето, што предизвикало мал застој во аеродромскиот сообраќај, дознава „Блиц“.
Ер Србија објави дека летот JU324 од Белград до Дизелдорф, со кој управува партнерска компанија, е вратен во Белград поради технички причини.
Во соопштението на Ер Србија се вели:
Авионот безбедно слета на белградскиот аеродром. Ер Србија жали за непријатностите и прави се што е во нејзина моќ за да се осигура дека летот ќе продолжи што е можно поскоро
Безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена.
За повеќе информации, од патниците се бара да се јават во Контакт центарот на Ер Србија на 0800 111 528 од Србија, на +381 11 311 21 23 од странство, за да ја посетат веб-страницата airserbia.com или страниците на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Под сомнение за планирање терористички напад уапсено е малолетно девојче од Црна Гора
Во Австрија е уапсено четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора, кое, според австриските медиуми планирало терористички напад на Јакоминиплац во Грац, а истражителите од Државната служба за државна безбедност и борба против екстремизмот во Штаерска успеале да спречат тоа.
При претресот на куќата, како што пишува истиот медиум истражителите заплениле секира и нож.
Информациите за планираниот напад дојдоа од Европска безбедносна управа. На овој начин, локалните истражители од Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот (ЛСЕ) на Штаерска им влегле во трага на првично непознатите лица.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.
Регион
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска
Во Бјеловар, Хрватска во семејна куќа се пронајдени две починати и едно тешко повредено лице, кое е префрлено во болница. Најверојатно се работи за насилна смрт, а според неофицијални информации, мажот ја убил мајката на неговата жена, а се обидел да ја убие и сопругата која е тешко повредена.
Напаѓачот, според првичните инфрормации се самоубил.
Хрватската полиција засега не ги потврдува неофицијалните информации дека се работи за убиство и самоубиство.
Полицијата дојавата ја добила околу 10 часот, а на местото се врши увид.