Регион
Ако бидеме нападнати, одговорот ќе биде жесток, им порача Вучиќ на граѓаните

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва и се обрати на јавноста. Тој зборуваше за сите актуелни теми, домашни и меѓународни отворени прашања.
„Кој мисли дека треба да влеземе во конфликт со НАТО, ќе му кажам дека не е нормален“, рече тој и додаде:
„Не копнеам за конфликт со нив, не ни треба конфликт со западниот свет. Дури и да сакаме, немаме шанси да го добиеме. Прашањето е дали и Русија има шанса. Сите знаат дека ако нашиот народ биде нападнат, нашиот одговор ќе биде жесток“, рече Вучиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Брнабиќ за навредите кон Вучиќ: Во последните 72 часа видовме сè, омраза кон еден човек, желби и надежи дека ќе умре

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, зборуваше за навредите упатени кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
У последњих 72 сата смо видели све – непатворену мржњу према једном човеку, жеље и надања да ће умрети (што пре), салве увреда на његов рачун, као и на рачун његове породице (поново), покушаје да му се уништи живот, како професионални, тако и приватни (најбоље и професионални и…
— Ana Brnabic (@anabrnabic) May 5, 2025
„Во последните 72 часа видовме сè -омраза кон човек, желби и надежи дека ќе умре (што поскоро), навреди на негова сметка, како и на сметка на неговото семејство (повторно), обиди да му го уништат животот, професионален и приватен. Не бираа ниту средства, ниту зборови и не ги интересираше исходот ниту за Србија, ниту за него самиот, или за неговото семејство. Единствена цел, како и секогаш, беше да му наштетат, да го повредат и омаловажат, да му направат некоја мизерна пакост. И веќе со години тоа е нивната цел, но со години не успеваат во тоа затоа што народот ја цени неговата работа, неговата борба, неговата посветеност и љубов кон Србија.
Се што се обидуваа да му направат во изминатите 13 години беше собрано во изминатите 72 часа. И повторно тој ќе победи, како што ќе победи и Србија. Нетрпеливо чекам да дојде среда навечер, кога сите тие мали, палави души ќе бидат заглавени во место. Само напред, претседателе“, објави Брнабиќ.
Регион
Вучиќ в среда им се враќа на работните обврски

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, ќе се врати на своите службени обврски од среда, дознава Б92.нет од Генералниот секретаријат на Претседателството.
Според Б92.нет, за среда наутро се закажани средби со рускиот и британскиот амбасадор.
Се очекува српскиот претседател да се обрати до нацијата во среда навечер.
Вучиќ ја прекина посетата на САД поради болки во градите, по што се врати во Србија. Лекарите препорачаа неколку дена строг одмор.
Српскиот претседател денеска се огласи на Инстаграм. „Почнувајќи од оваа недела, ќе чекориме самоуверено, со вера во нашите срца и души, бидејќи никој не може да ја запре Србија која создава, гради и сонува. Поминавме низ тешкотии, наидовме на пречки, но тие не нè скршија. Не можеа, бидејќи соништата на народот кој верува во работата, чесноста и љубовта кон својата земја не можат да бидат уништени.
Гордоста, достоинството и вербата во подобро утре отсекогаш нè воделе! Значи, продолжуваме заедно кон целта, јас одам пред вас за да бидам штит, да се борам и да дадам сè што можам за земјата што ја сакам.
Сите мора да продолжиме напред за Србија – заедно, силно, непоколебливо. Да живее Србија“, рече Вучиќ.
Регион
Вучиќ се огласи по приемот во болница: „Одам пред вас за да бидам штит“

Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати за прв пат откако ја прекина посетата на САД поради болки во градите, по што се врати во Србија.
Вучиќ се огласи на Инстаграм. „Почнувајќи од оваа недела, ќе чекориме самоуверено, со вера во нашите срца и души, бидејќи никој не може да ја запре Србија која создава, гради и сонува. Поминавме низ тешкотии, наидовме на пречки, но тие не нè скршија. Не можеа, бидејќи соништата на народот кој верува во работата, чесноста и љубовта кон својата земја не можат да бидат уништени.“
„Гордоста, достоинството и вербата во подобро утре отсекогаш нè воделе! Значи, продолжуваме заедно кон целта, јас одам пред вас за да бидам штит, да се борам и да дадам сè што можам за земјата што ја сакам.
Сите мора да продолжиме напред за Србија – заедно, силно, непоколебливо. Да живее Србија“, рече Вучиќ.