Регион
Албанскиот претседател отворено застана против Владата на Еди Рама

Албанскиот преседател Илир Мата отворено застана против владата на премиерот Еди Рама и ѝ дава силна подршка на опозицијата. Шефот на албанската држава упати силни критики на адреса на премиерот Еди Рама обвинувајки го, за, како што рече, некоректно водење на реформите во правниот систем и судството.
Мета ја изнесе оценката дека Владата во Тирана не успева да ги спроведе реформите особено во судството, така што создаде многу проблеми во работата на судовите во земјата. По одбивањето да ги декретира двата закони кои беа усвоени во Собранието, во Албанија сега веќе е јасно дека судирот помеѓу претседателот и владата е отворен.
Рама го обвини албанскиот претседател за политилчко дејствување во интерес на опозицијата.
Според албанските аналитичари шефот на државата отворено работи во интерес на опозицијата и се верува дека судирот со Владата ќе биде поголем со оглед на подршката што ја дава Мета на опозицијата во престрет на претстојните локални избори во земјата.
Инаку, Мета е основач на партијата Движење за социјалистичка Интетграција – ЛСИ, која сега е во опозиција заедно со Демократската партија, а партијата сега ја води сопругата на Мета, Моника Криемади. Таа е жестока противничка на Рама, која го оценува како носител на трговијата и шверцот со дрога од Албанија во странство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Петгодишниот брат ја застрелал малолетната сестра со пушка: децата си играле во семејната куќа во БиХ

Викендов се случил инцидент во БиХ кога петгодишен брат ја застрелал својата малолетна сестра (4) за време на игра.
Обвинителството потврди за Hercegovina.info дека дежурниот обвинител, Јосип Аничиќ, бил информиран за инцидентот и наредил да се спроведе истрага на местото на инцидентот.
– Според моментално достапните информации, братот (5) и сестрата (4) си играле во семејната куќа кога дошло до пукање од воздушна пушка – изјави портпаролката на обвинителството, Петруњела Матијевиќ, за Hercegovina.info, пренесува Srpskainfo.
Таа додаде дека полицајците, по наредба на обвинителот, се во фаза на испрашување на сведоците, со цел да утврдат како пушката се нашла на дофат на децата и кој ја оставил таму.
Според информации на медиумите во регионот, девојчето е добро и стабилно и без сериозни последици.
Фото: Принтскрин
Регион
Поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер, излезе од затвор

Иво Санадер, поранешен лидер на ХДЗ и премиер на Хрватска, е ослободен од затвор пред да ја отслужи целата казна. Санадер беше условно ослободен од затворот Липовица откако отслужи две третини од казната, објавија хрватските медиуми.
Како што објасни адвокатот Драган Црнковиќ, исполнети се сите законски услови за поранешниот премиер да биде ослободен. Тој рече дека покрај неговата возраст, една од причините наведени во барањето за ослободување е неговата здравствена состојба, но тоа не се главните причини, забележува тој, туку и фактот дека тој го почитува член 59 од Кривичниот законик. Тој истакнува дека на 15 август 2023 година отслужил половина од казната.
Ќе биде должен да се јавува во полиција секој месец и нема да му биде дозволено да го менува местото на живеење и привременото живеалиште.
На прашањето на новинарите дали тоа значи дека ќе има ограничено движење, тој одговори негативно.
„Не знам, може да го запали автомобилот, да оди во Сплит. Само ако има намера трајно да го промени местото на живеење и живеалиштето, мора да добие дозвола“, објасни адвокатот Црнковиќ.
Фото: ЕПА
Регион
Пленковиќ: Хрватска не тргува со оружје и воена опрема со Израел

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, денеска негираше дека Хрватска тргува со оружје со Израел, одговарајќи на барањето на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ до владата да престане да тргува со оружје и воена опрема со таа земја.
Кога беше замолен да ја коментира изјавата на Милановиќ, Пленковиќ рече дека „нема трговија со оружје и воена опрема со Израел“, пренесува ХИНА.
Хрватското Министерство за одбрана во саботата објави дека официјален Загреб во моментов не набавува оружје за хрватската армија од Израел.