Регион
Албански државјани со чартер летови стигнаа во Србија да се вакцинираат

Aлбанската авиокомпанија „Албавингс“ организираше два чартер лета од Тирана до Белград со патници кои се пријавиле за вакцинација против коронавирус во Србија. Оваа можност ја искористија и вработените во авиокомпанијата, пишува „Блиц“.
Гостите од Албанија вчера ги пречека заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ.
За бесплатната вакцина против Ковид-19, која Србија им ја обезбеди на странците, постои голем интерес.
Условите се исти како и за државјаните на Србија, а покрај личната карта и пасошот, на странските државјани не им е потребна дополнителна документација.
Вчера пред белградскиот саем имаше колони луѓе кои чекаа ред за да примат вакцина во Србија. Стари, млади, дојдени од Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, а и граѓани од Србија чекаа во редот долг стотици метри, пред двете хали од саемот.
Вакцинацијата продолжува и денеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Америка ја поддржува пресудата на Додик

Министерството за надворешни работи на САД издаде соопштение по пресудата на Судот на Босна и Херцеговина донесена вчера против претседателот на босанскиот ентитет Република Српска (РС) Милорад Додик, јавува Анадолија.
„Ја признаваме пресудата на Судот на Босна и Херцеговина против претседателот на Република Српска, Милорад Додик“, изјави портпаролката на Стејт департментот Тами Брус на социјалната мрежа Икс.
Судот на Босна и Херцеговина во средата донесе пресуда со која Милорад Додик го осуди на една година затвор и шестгодишна забрана да ја извршува функцијата претседател на Република Српска, поради непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ.
We acknowledge the Court of Bosnia and Herzegovina's verdict today concerning Republika Srpska President Milorad Dodik.
— Tammy Bruce (@statedeptspox) February 27, 2025
„Ние силно се спротивставуваме на какви било активности на локалните челници кои би можеле да ја поткопаат безбедноста и стабилноста. Го поддржуваме Дејтонскиот договор и суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ“, рече Брус.
Додик не присуствуваше на пресудата. Наместо тоа, тој се обрати на митингот на неговите поддржувачи во Бања Лука, навредувајќи го судството во БиХ, високиот претставник Кристијан Шмит, како и германските и американските власти.
Тој најави дека РС ќе донесе закони за забрана на судските и безбедносните институции на БиХ на територијата на РС.
Регион
(Видео) Голем пожар избувна во Нови Сад: „Се слушнаа детонации“

Синоќа околу 22 часот голем пожар избувна во индустриска зона во Нови Сад, а според неофицијални информации нема повредени, јавува 021.рс.
Интервенираа пожарникари од Нови Сад кои го изгаснаа пожарот.
Според 021, наводно се слушнале детонации, а жителите на Нови Сад добиле СМС предупредување да не излегуваат од своите домови.
Одделението за вонредни ситуации издаде предупредување. „Поради пожарот и големите количества чад не излегувајте од објектите додека не помине опасноста“, се наведува во предупредувањето.
За пожарот се огласи и новиот градоначалник на Нови Сад, Жарко Миќин, кој соопшти дека МВР преку новиот систем за известување за итни случаи ги предупреди граѓаните дека поради пожарот и големите количества чад не треба да ги напуштаат домовите додека не помине опасноста.
Засега не се знае што имало во зградата каде што избувна пожарот, ниту што го предизвикало.
Регион
Орбан: Пресудата на Додик е лов на вештерки

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека пресудата против претседателот на Република Српска Милорад Додик е „политички лов на вештерки“. Во објава на социјалната мрежа Икс напиша дека пресудата е тажен пример за инструментализација на правниот систем.
The political witch hunt against President @MiloradDodik is a sad example of the weaponization of the legal system aimed at a democratically elected leader.
If we want to safeguard stability in the Western Balkans, this is not the way forward!
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) February 26, 2025
„Политичкиот лов на вештерки против претседателот Милорад Додик е тажен пример за користење на правниот систем како оружје против демократски избран лидер. Ако сакаме да ја зачуваме стабилноста на Западен Балкан, ова не е вистинскиот пат!“, напиша Орбан.
Судот на БиХ го прогласи Додик за виновен за неисполнување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ и го осуди на една година затворска казна и забрана за вршење на функцијата претседател на Република Српска во период од шест години, од денот на правосилноста на пресудата.