Регион
Амбасадорот на Кина: Кинеско-српските односи во моментот се во најдобриот период во историјата

Амбасадорот на Кина во Србија, Ли Минг, рече дека Кина и Србија се челични пријатели и дека во последните години ги продлабочиле политичката и меѓусебната доверба, цврсто ги поддржуваат меѓусебните витални интереси за важни прашања и заеднички го зачувуваат меѓународниот поредок, правичност и правда.
Амбасадорот Ли во интервју за денешниот „Новости“ вели дека двете земји имаат плодни резултати од практична соработка и голем број големи проекти.
Тој посочи дека Кина е подготвена, заедно со Србија, дополнително да го реализираат важниот консензус постигнат меѓу двајцата шефови на држави и оти кинеско-српските односи во моментот се во најдобриот период во историјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Белград најдено телото на девојчето кое неговата мајка го фрли во река во Загреб

Белградскиот Интерпол ја известил хрватската полиција дека во март во реката Сава во Белград пронашла тело на дете.
Загрепската полиција штотуку соопшти дека преку меѓународна полициска соработка е извршена ДНК анализа и е утврдено дека е жртвата на убиството, извршено на 15 јануари годинава во Загреб, кај мостот Јанкомир.
Станува збор за случај од почетокот на годинава кога ХГСС и други служби трагаа по тригодишно девојче кое мајка и го внела во реката кај мостот Јанкомир.
Мајката тие денови била сослушана во Жупаниското државно обвинителство во Загреб, а поради извршување на кривичното дело тешко убиство и е изречена едномесечен притвор.
Регион
Третата најголема партија во Бугарија потпиша соработка со партијата на Путин

Националистичката бугарска партија „Преродба“ потпиша договор за соработка со владејачката партија на Руската Федерација „Единствена Русија“. Ова се случи и покрај фактот што Русија официјално ја прогласи Бугарија за непријателска држава по почетокот на сеопфатната инвазија на Украина, дознава „Еурактив“, а пренесува УНН.
„Договорот предвидува размена на искуства, идеи и политичка пракса меѓу двете партии и претставува важен позитивен чекор кон обновување на целосните бугарско-руски односи“, наведуваат од партијата „Преродба“.
Договорот го потпишаа заменик-претседателот Цончо Ганев, кој е и потпретседател на Народното собрание и Владимир Јакушев – заменик претседател на Горниот дом на Државната дума на Руската Федерација.
Како што пишува УНН, „Преродба“ нема ништо против тоа што Русија ја прогласи Бугарија за непријателска држава по почетокот на војната во Украина и продолжува да ги одржува односите со владејачката партија.
Според достапните информации, „Преродба“ е третата по големина партија во бугарскиот парламент: по изборите во октомври 2024 година има 33 мандати од вкупно 240. Партијата отворено се противи на членството на Бугарија во ЕУ и НАТО, се залага за неутралност во војната на Русија против Украина и шири проруски наративи на социјалните мрежи.
Претходно таа неуспешно се обиде да организира референдум за забрана на воведувањето на еврото.
Исто така, оваа партија влезе во бугарскиот парламент благодарение на нејзиниот цврст став против вакцините и карантинот за време на пандемијата на Ковид.
Регион
Вучиќ: Ќе се сретнам двапати со Трамп во наредните денови

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека во следните три до четири дена ќе се сретне двапати со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, јавува Анадолу.
„Ќе се сретнам двапати, од различни причини, во следните четири дена. Не ми верувајте на збор, ги измешав датумите и временските зони“, рече Вучиќ за време на обиколката на работите во новата детска клиника „Тиршова 2“, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога ќе се сретне со американскиот претседател, додавајќи дека „сè ќе се случи во следните три или четири дена“.
Тој, исто така, најави дека очекува италијанската премиерка Џорџa Мелони да го посети Белград во август или септември, која ја опиша, заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како една од најмоќните жени во светот.