Регион
Американка е уапсена за силување 20-годишен маж во Солун: го искористила додека бил во алкохолизирана состојба

Необичен случај на силување се случи во Грција. 18-годишна Американка е уапсена поради силување на 20-годишен Грк.
Младиот човек тврди дека девојката го искористила тоа што тој бил под дејство на алкохол и не можел да се одбрани, пишуваат грчките медиуми.
Συνελήφθη 18χρονη Αμερικανίδα για τον βιασμό 20χρονου στη Θεσσαλονίκη https://t.co/S7uBHJur2W
— ΤΑΧΥΔΡΟΜΟΣ (@taxydromosvolos) August 29, 2024
Уапсената го негира обвинението, објави порталот „Прототема“. Обвинителот во Солун по пријавата на жртвата поднесе обвинителен акт за силување и сексуален чин без согласност на жртвата.
Според официјални лица, жртвата на полицијата и кажала дека сето тоа се случило минатиот вторник попладне. Американката го однела Гркот во напуштена куќа откако консумирале алкохол и го силувала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Во Црна Гора армијата гасне пожари: се преврте цистерна, загина војник

Припадник на црногорската армија загинал кога воена цистерна за вода се превртела на патот, дознава порталот ЦдМ. Друг војник е тешко повреден и префрлен во Клиничкиот центар на Црна Гора.
Несреќата се случила околу 13 часот.
„Еден припадник на црногорската армија загинал, а друг добил тешки повреди за време на мисија за гаснење пожари. Несреќата се случила кога цистерната за вода што ја возеле се превртела“, соопшти Министерството за одбрана.
Црногорската армија, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да ги утврди причините и околностите на несреќата.
View this post on Instagram
Во Црна Гора моментно има активни пожари во шест општини – Подгорица, Бар, Будва, Никшиќ, Шавник и Бјело Поље, изјави Миодраг Бешовиќ, генерален директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
View this post on Instagram
Четири авиони моментно се борат со пожарите, а се очекува набргу да пристигне и канадер од Хрватска за да ги гасне пожарите на крајбрежјето. Хеликоптер од Србија исто така е ангажиран во гаснењето на пожарите.