Регион
Амфилохије и свештениците пуштени по информативен разговор со полицијата во Подгорица
																								
												
												
											Митрополитот црногорско-приморски Амфилохије и неколку свештеници беа ослободени денес по информативен разговор со полициската управа во Подгорица, информираат српските медиуми.
Тие биле повикани на интервју, како и граѓаните што се собрале пред верски објект во Подгорица каде се одржувала богослужба, објави порталот ЦдМ.
Полициската управа соопштила дека никој не бил уапсен, туку свештениците биле доведени на информативно интервју.
„Полициските службеници забележаа поголем број на свештеници, како и граѓани собрани пред црквата на Христовото Воскресение и манастирот во Златица. Сите беа поканети на информативен разговор за да објаснат зошто организираат јавни собири“, соопштиле од полицијата во Подгорица.
Митрополитот Амфилохије служел литургија во манастирот Златица на која присуствувале повеќе свештеници и верници од Српската православна црква во Црна Гора.
Црногорската полиција денес предпладне на информативен разговор го повикала и свештеникот од Колашин, Радо Радовиќ и десетина граѓани кои, наводно, утрово учествувале на литургијата во црквата Свети Димитрија, пишува порталот „Вјести“.
Радовиќ во полиција објаснил дека литургијата се одржувала во затворен простор така што влегувал по еден верник, кој палел свеќа, а по неговото излегување доаѓал друг.
Некои свештеници од СПЦ во Црна Гора обвинија дека црногорските власти на дело го реализираат спорниот Закон за слобода на вероисповед, иако властите тврдат дека станува збор само за заштитни мерки против ширењето на коронавирусот.
Српската православна црква инсистира на тоа дека целта на законот е експропријација на нејзиниот средновековен имот во Црна Гора, вклучително и цркви, манастири и земјиште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Регион
Едно лице убиено, две повредени на грчкиот остров Евија
														Дваесетгодишен маж беше избоден до смрт, а уште две лица беа повредени во два одделни инцидента на грчкиот остров Евија, соопшти полицијата.
Службениците изјавија дека случаите би можеле да бидат поврзани со насилство на фудбалски натпревари, објави „Ројтерс“.
Пет лица се уапсени, вклучувајќи двајца повредени мажи, а најмалку осум лица наводно биле вклучени во насилството, изјави портпаролката на полицијата, Константина Димоглида, за грчката телевизија „Скај“.
Полицијата истражува дали инцидентите биле мотивирани од конфликт меѓу навивачи на два сопернички фудбалски тима.
Податоците на полицијата покажуваат дека бројот на насилни инциденти поврзани со спортот се удвоил, од речиси 300 случаи во 2020 година на 700 годишно, а службените лица исто така истакнуваат дека постои можна врска меѓу хулиганите и криминалните банди.
Фото: принтскрин
Регион
Вонредна ситуација во нуклеарната централа „Козлодуј“ во Бугарија
														Во нуклеарната централа „Козлодуј“ избувнал пожар во енергетската просторија на безбедносниот систем на петтиот блок, што предизвикало итна реакција на работниците на електраната, објави порталот „Новините“.
Поради густиот чад во просторијата, повикана е противпожарна служба, а се преземаат мерки за замена на оштетената опрема, јавува „Танјуг“.
Официјално е објавено дека ситуацијата е под контрола и дека нема опасност за луѓето. Работниците во електраната остануваат во готовност додека инцидентот не се реши целосно.
Фото: принтскрин
Регион
21-годишен маж украл 32 парфеми во вредност од 3.000 евра во центарот на Загреб
														Полицијата во Загреб ја заврши кривичната истрага против 21-годишен маж осомничен за серија кражби од продавници за парфеми во центарот на градот.
Младиот човек украл вкупно 32 парфеми во пет наврати, предизвикувајќи штета од речиси 3.000 евра на две продавници, известува Полициската управа во Загреб.
Според полициските сомневања, 21-годишникот ги извршил кражбите помеѓу 1 јули и средината на октомври 2025 година.
Во два наврати, тој влегол во иста парфимерија каде што, искористувајќи ја зафатеноста на персоналот, украл вкупно 18 парфеми. Слично сценарио повторил и во друга парфимеријата, каде што во три наврати украл уште 14 парфеми.
Вкупната материјална штета предизвикана од овие кривични дела е проценета на околу 2.990 евра. Откако полицијата ја завршила истрагата, 21-годишниот осомничен бил предаден на надзорникот на притворот. Против него е поднесен и посебен извештај до надлежното државно обвинителство.
фото: принтскрин

