Регион
Банкарка од Нови Сад си префрлала пари од клиентите на себе и на своето семејство, ги оштетила над 120 000 евра
Во Нови Сад е уапсена Р.З.(63) поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело злоупотреба на положбата одговорно лице.
Таа е осомничена дека во периодот од 2016 до 2018 година ги злоупотребила овластувањата како вработена во банка во Нови Сад и извршила повеќе безготовински трансакции на штета на клиентите на банката.
Тие пари Р.З. потоа ги префрлила на нејзината тековна сметка и на тековните сметки на членовите на нејзиното семејство.
На овој начин се сомничи дека за себе и за други прибавила противправна имотна корист од 15.925.527 српски динари односно 127.772 евра, за која сума ја оштетила банката.
На осомничената и е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде спроведена во надлежното обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Милорад Додик: БиХ го достигна својот крај
Босна и Херцеговина го достигна својот крај или попрецизно ѝ ставија крај оние што ѝ се заколнаа, изјави претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
„Останува само сите да се потрудиме да бидеме добри соседи и да се разделиме во мир“, рече Додик.
Додик за РТС изјави дека ниту една акција на РС нема да биде насочена кон дестабилизација и насилство, но и дека усвојувањето на резолуцијата ќе биде симболичен крај на мултиетничката Босна и Херцеговина.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека во случај на усвојување на резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на Обединетите нации првиот чекор на Бања Лука ќе биде владина седница во Сребреница, од каде што ќе соопшти дека резолуцијата е неприфатлива, неприменлива и ништовна.
Регион
Србин исчезна во Грција, отишол на аџилак на Света Гора, му се губи секаква трага
Иван Штрба (39) од Нови Сад, кој бил на Света Гора, според грчките медиуми, исчезнал за време на аџилак.
Во соопштението на „Лајфлајн“, веб-страница која се занимава со исчезнати лица, се наведува дека тој престојувал сам на Света Гора.
„Имаше исчезнување на возрасно лице од областа Света Гора. Иван Штрба (39) исчезна од областа Света Гора на 13 мај 2024 година. Бараниот престојувал како посетител на Света Гора, од каде што заминал на 13.5.2024 година поради истекување на дозволата за престој. Оттогаш тој исчезна без трага.
„GRAMMI ZOIS беше информиран од Генералниот конзулат на Република Србија дека побарал активирање на SILVER ALERTA Social Alert на 21.5.2024 година во вечерните часови и по собирањето на потребните придружни документи, беше активиран SILVER ALERT Social Alert за да се мобилизираат сите да го пронајдат. Неговиот живот може да биде во опасност“, се вели во соопштението.
Регион
Невреме и град во Нови Пазар: Повеќе од еден и пол час врнеше дожд, поплавен е и центарот
Утрово, ситуацијата во Нови Пазар е мирна и по вчерашното излевање, реките во текот на ноќта полека се повлекуваа.
Невремето вчера траело три-четири часа, имало силен дожд и град, кој траел над еден и пол час. Реките се излеаја, особено проблематична беше Трнавица бидејќи целата вода од планината Рогозна се слеваше кон реката и градот.
Но, водата не предизвикала преголема материјална штета како претходните години, туку навлегла во дворовите, бавчите и подрумите, па некои семејства морале да бидат евакуирани.
Во некои делови од градот наврнале 80 мм дожд на квадратен метар. Блокирани се одредени рурални патишта, а има и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Во текот на ноќта сè е санирано и сите патни правци кон Нови Пазар се проодни.
Во Нови Пазар вчера е прогласена вонредна состојба, во тек е седница на штабот за вонредни ситуации, а за попладне се најавени нови врнежи.
Под вода беше и центарот на градот.