Регион
Баша: Албанците во земјите од Западен Балкан ќе бидат заедно во ЕУ

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша е убеден дека сите Албанци, кои живеат во земјите од Западен Балкан еден ден ќе бидат заедно во Европската унија.
Албанија, вели тој, сака да се приклучи кон Европската унија.
„Исто така, постојат идентични аспирации за Северна Македонија, Косово, Црна Гора и Србија. Затоа сум убеден дека сите Албанци од овие пет земји еден ден ќе бидат заедно, како членки на ЕУ“, рече Баша, во интервју за словенечкиот весник „Дело“, а пренесува агенцијата „Танјуг“.
Запрашан за тоа која е пораката на опозициските протести, кои веќе некое време траат во Албанија, тој вели дека одговорот е многу едноставен – Албанија да биде како Европа.
„Сакаме слободни избори, владеење на правото и правда еднаква за сите. Триесет години по падот на комунизмот, луѓето го гледаат фактот дека Албанија има легална, но заробена држава. Овој пат, не поради идеолошка тиранија, туку поради автократско владеење“, изјавил Баша во текот на неодамнешната посета на Словенија.
Тој додал дека Албанија во моментов е на политички крстопат и оти неопходно е земјата веднаш да биде ослободена од автократијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Украинско комбе се судри со руски камион во Словенија, петмина загинати

На автопатот кој ги поврзува Марибор и Љубљана, во близина на излезот Словенска Коњица, во правец на Љубљана, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа пет лица, а две се повредени. Несреќата се случила кога патничко комбе удрилo во камион. Сите жртви биле странски државјани, соопшти словенечката полиција, јавуваат медиумите во регионот.
Според досега утврденото, возачот на комбе со украински регистарски таблички, кое превезувало седум лица, поради несоодветна брзина, удрил во задниот дел од приколка која стоела во ред поради работи на автопат. Пет лица загинале во комбето на местото на несреќата.
Возачот, кој ја предизвикал несреќата, е полесно повреден, додека патничка е тешко повредена. Двајцата повредени се пренесени во болница, а тешко повреденото лице е пренесено со хеликоптер. Идентитетот на загинатите сè уште се утврдува.
Возачот на камионот, руски државјанин, не е повреден, но му е понудена психолошка помош поради сериозноста на несреќата, објавува Радиотелевизија Словенија. Несреќата се случила непосредно пред одморилиштето Тепање, на дел од автопатот каде што се во тек големи работи – се реновираат 13 километри пат, два тунела и три вијадукти. Полицијата потврди дека несреќата се случила пред работната зона каде што се формираат долги редици поради затворени ленти.
Фото: принтскрин
Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.