Регион
Безживотно тело на шестгодишно девојче извлечено од морето во Грција
Безживотно тело на шестгодишно девојче вчера беше извлечено од морето во Грција кај селото Истмија кај Коринт.
Телото на девојчето, кое било целосно облечено, го пронашол нуркач под чамецот, а како што изјавил во полиција – никаде не можел да ги пронајде ниту родителите, ниту роднините на девојчето.
Според изјавата на мајката, малата Амелија во средата била со нејзиниот татко, државјанин на Албанија, со кој се разделила пред извесно време.
Првите резултати од истрагата покажуваат дека девојчето прво отишло на ручек со својот татко, по што од непозната причина завршиле на плажа оддалечена седум километри од местото каде што живеело девојчето, иако во близина имало и други плажи. Во попладневните часови нуркач го пронашол телото на девојчето, но нејзиниот татко никаде го немало.
– Отпрвин мислев дека е тело на возрасен, но потоа сфатив дека е дете. Веднаш излегов на површина со телото, кое беше под чамецот. Почнав да викам за помош, викам дека е дете. Нејзиното лице беше сино. Ја однесов на брегот, се обидов да ја реанимизирам, но залудно – рекол нуркачот.
Она што предизвикува сомнеж во случајот е зошто таткото избрал да го однесе детето на толку оддалечена плажа, каде што немало луѓе. Уште една работа што е чудна е тоа што девојчето во водата било целосно облечено.
Таткото бил сослушан во полиција, а по изјавата бил пуштен на слобода.
Албанецот рекол дека девојчето барало да ја однесе на плажа по ручекот.
-Јас ѝ реков дека немаме костим за капење, бидејќи мама не го спакувала, но таа инсистираше. Затоа во водата влегла облечена, а имала чевли поради ежовите. Заедно допливавме до бродот, како што правевме порано. Врзан е на десетина метри од брегот. Тогаш потона – рекол таткото.
Тој дал и објаснување зошто не се нурнал за да ја извлече.
– Сакав да ја спасам, но страдам од астма и не можам да нуркам – рекол таткото.
Наводно, излегол од морето за да потрча да бара помош. Меѓутоа, она што дополнително фрла сомнеж во овој случај е дека кога конечно се појавил, таткото бил во сува облека.
Мајката на жртвата тврди дека детето не се жалело на односот со таткото.
Тетката на детето, сестрата на таткото, вели дека не може да верува дека нејзиниот брат не му помогнал на детето.
– Има астма, но не би седел само беспомошно – рекла тетката, пренесе Телеграф.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.