Регион
Белата куќа потврди – денеска Трамп ќе се сретне со Вучиќ и Хоти
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска во Овалната соба во Белата куќа ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти.
Американскиот претседател со тоа ќе присуствува на церемонија на потпишување документ меѓу Србија и Косово, за кој вчера пишуваа српските медиуми и ќе учествува во трилатералниот состанок, објави Белата куќа, а пренесува „Гласот на Америка“.
По средбата во Белата куќа, и Вучиќ и Хоти поединечно ќе се состанат со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Стејт департментот.
Во соопштението на Белата куќа, објавено доцна во четвртокот, не било прецизирано што ќе биде потпишано, дали станува збор за договор и што точно ќе содржи истиот.
„Гласот на Америка“ потсетува дека уште пред средбите во Вашингтон кружеа шпекулации дека постои можност претседателот Трамп да се сретне со претседателот на Србија и премиерот на Косово, но за тоа немаше официјална потврда до четвртокот вечерта.
За време на вчерашните разговори во Вашингтон, српските медиуми пренесуваа за тензична атмосфера, односно проструија информации дека српската делегација и претседателот Вучиќ се под голем притисок. По тоа, пристигна веста дека пред српската делегација е ставен документ од 16 точки, од кои десеттата содржи одредба за признавање на независноста на Косово. Таа точка подоцна била отстранета, во текот на разговорите, а на српската делегација ѝ бил презентиран документ без спорната точка 10.
Вучиќ исто така од Вашингтон им се одбрати на граѓаните и порача дека одбил да го прифати спорниот документ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

