Регион
Белград и Приштина да бидат флексибилни и креативни, порачаa САД

Американската амбасада во Белград порача дека е време акциите во преговорите за конечниот статус на Косово да бидат креативни и флексибилни.
Од Амбасадата велат дека Белград и Приштина мора да најдат решение што нема да дојде од страна. На прашањето дали американската администрација го променила ставот за конечно решение на статусот на Косово, од Амбасадата на САД рекоа дека се подготвени да слушнат и помогнат во преговорите, со цел да биде постигнат договор.
„Целосната нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е клучна за стабилноста на регионот. Нормализацијата исто така ќе отвори јасен пат за двете земји за членство во ЕУ. САД цврсто ги поддржуваат преговорите меѓу Белград и Приштина под покровителство на ЕУ. Сега е време вклучените страни во преговорите да бидат креативни и флексибилни. Тие мора да предложат решение што нема да дојде од страна“, наведе Амбасадата на САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.