Регион
Состојбата на повредените во Србија: Двајца пациенти сè уште во тешка состојба, четворица тргнати од респиратор
Четворица од деветте пациенти што добија тешки телесни повреди во масовното пукање во Младеновац се тргнати од апаратите за дишење и се во подобра здравствена состојба, еден од пациентите дури е испратен на домашно лекување, пренесуваат српските медиуми.
Според написите, двајца пациенти сè уште се во тешка состојба, едниот има сериозни повреди на црниот дроб, бубрезите и колената, а другиот има сериозни повреди на главата и окото.
И на Ургентниот центар има пациенти што добиле тешки повреди по пукањето што се случи во ОУ „Владислав Рибникар“, еден ученик е испратен на домашно лекување, наставничката е во подобра состојба, а денеска треба да ѝ се направи мини оперативна интервенција на раката.
Девојчето, чија потколеница беше повредена во нападот, денеска треба да има уште една дополнителна операција, момчето што доби повреда на цервикалниот дел од ‘рбетот сè уште е во најтешка состојба, не ги чувствува екстремитетите, според тамошните медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Хаос во Белград, одекнуваат топовски удари
Големи тензии се забележани вечерва пред Народното собрание во Белград, каде што голем број граѓани се собраа во поддршка на Дијана Хрка, мајката на трагично загинатиот Стефан Хрка, која утрово започна штрајк со глад.
Во исто време, во непосредна близина, во шаторска населба со прекар „Чациленд“, се собраа и поддржувачи на владата, а меѓу двете групи беше поставен силен кордон од полицијата за немири, пишува Нова.рс.
Како што објавија Нова.рс и Н1, пред зградата на Народното собрание одекнуваат топовски удари, а на улицата има голем број припадници на интервентната полиција кои се обидуваат да ги одвојат двата табора со кордон.
Počeli neredi pic.twitter.com/iWaqNQj6jc
— Luka Pesic (@LukaPes13010586) November 2, 2025
Ћацад кренула на народ. pic.twitter.com/7qkLEhzFWq
— Инжењер 🇷🇸 (@Ortodox_Serb) November 2, 2025
Povlače se ili regrupišu… pic.twitter.com/7ekWePriP4
— Momir Boskovic (@MBoskovic) November 2, 2025
Регион
Политико: Бугарија ја разгледува можноста да бара ослободување од санкциите на САД против „Лукоил“
Бугарија ја истражува можноста да побара ослободување од новите санкции на Соединетите Американски Држави против двете најголеми руски нафтени компании, Роснефт и Лукоил, објави Политико, пренесе бнр.бг.
Рафинеријата за нафта во Бургас, во сопственост на Лукоил, снабдува 80 отсто од горивото во земјата.
Според изданието, бугарската влада испратила барање до Вашингтон со цел да ја разбере можната реакција на американската администрација во случај на барање за ослободување од санкциите откако ќе стапат во сила на 21 ноември. Изданието се повикува на извори кои побарале анонимност.
Бугарските власти се загрижени за опасноста санкциите да доведат до затворање на рафинеријата во Бургас, што пак би можело да предизвика недостиг на гориво и последователни протести во земјата, коментира изданието.
Министерството за енергетика одби да даде коментар за Политико. Претседателската институција, исто така, не одговори.
Регион
Грција затвора 204 пошти
Грција затвора 204 филијали на државната пошта ЕЛТА, што претставува околу 45 проценти од вкупната мрежа. Компанијата го оправдува потегот со низок обем на работа и финансиски загуби, додека локалните жители и опозицијата жестоко реагираат.
Пензионерите од руралните средини, кои преку пошта ги примаат пензиите и лековите, предупредуваат дека ќе останат без основни услуги.
Во повеќе градови се одржуваат протести пред поштенските канцеларии, а клиентите ќе бидат пренасочени кон приватни курирски компании.
Поради растечкото незадоволство, во вторник е закажана вонредна седница на парламентот, на иницијатива на опозицијата.

