Регион
Блокади на патиштата во Косово, косовската полиција ги затвори премините кон Србија

Косовската полиција соопшти дека ги затворила граничните премини Брњак и Јариње.
„Косовската полиција ја затвори границата за патнички сообраќај и за возила на граничните премини Брњак и Јариње, поради блокирање на патиштата во правец на овие гранични премини“, се вели во соопштението, пренесе „Б92“.
Србите на северот на Косово со барикади и камиони го блокираа северниот дел на земјата.
Блокадите на ковските магистрални патишта се случуваат еден ден пред стапувањето на сила на двете одлуки на Владата на Косово за пререгистрација на српските регистарски таблички и лични документи.
Косовската влада најави дека од 1 август ќе започне со издавање таканаречени документи за влез-излез за сите граѓани на Србија кои влегуваат во Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.