Регион
Болница во Словенија затвора одделение поради недостиг од сестри

Поради недостиг од медицински сестри, одделението за интерна медицина во Општата болница во Јесенице е затворено.
Претходно, тоа се случи и во главната болница за лечекување тумор во Љубљана, пренесе агенцијата СТА наведувајќи дека причина за тоа и таму бил недостигот од медицински сестри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Демонстрантите во Чачак ја скршија вратата од локалното собрание и упаднаа во зградата

Синоќа во Чачак се одржа протест поради напад на студенти во тој град.
Студентите на Техничкиот факултет во Чачак на Инстаграм објавија дека биле нападнати во саботата вечерта и дека полицијата им ја исклучила врската кога се обратиле за помош. Тие изјавија дека биле нападнати од група од 25 напаѓачи.
Протестот започна пред зградата на седиштето на полицијата. Демонстрантите залепија плакати на вратата од полициската станица на кои пишуваше „Кога ќе почнете да си ја работите работата“ и „Втото барање на студентите – откривање на напаѓачите на студентите“.
Čačani ispred kuće "gradonačelnika" pic.twitter.com/J2fH4atosJ
— Kostja (@kostja_r) March 23, 2025
Потоа излегоа на протестна прошетка. Тие поминаа покрај куќата на градоначалникот Милун Тодоровиќ и партиските канцеларии на Српската напредна партија (СНС). Откако стигнаа до локалното собрание, изгласаа да влезат во зградата. Тие ја скршија влезната врата и дел од демонстрантите влегле во зградата.
Čačak-Skupština grada. Zbor građana doneo je odluku ULAZI. Vrata su pala, ušli su građani, a policija je stigla. NAPETO, ali nema ODSTUPANJA. Čačani su to. pic.twitter.com/LHqCQwYHyA
— Stranka slobode i pravde Čačak (@SSP_CACAK) March 23, 2025
Во меѓувреме, полицијата во Чачак соопшти дека идентификувала шест лица кои учествувале во тепачката во која беа повредени студенти. Тие изјавија дека се работи за тепачка меѓу средношколци и студенти во која полесно се повредени пет лица.
Регион
Се судрија два автобуса во Осиек, 15 лица повредени

На улицата Вуковарска во Осиек нешто пред 7 часот се судрија два автобуса.
Многу брзо по сообраќајната несреќа на местото на настанот пристигнале неколку екипи на Итна медицинска помош кои им пружале помош на повредените. Како што неофицијално дознава Глас Славоније, повредени се околу 15 лица.
Од полициската управа Осиек-Барања соопштија дека во 06:39 часот добиле пријава за несреќата.
Полициски екипи се на терен и повеќе информации за тоа како дошло до несреќата ќе бидат објавени по завршување на истрагата.
Регион
Двајца од тешко повредените во Кочани кои се во Белград дишат со машина, на дел од хоспитализираните ќе им се пресадува кожа

Седумнаесет лица повредени во пожарот во Кочанисе лекуваат во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград од кои две се на механичка вентилација, а двајца се оперирани, изјави др Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при УКЦС.
Стојичиќ нагласи дека пациентите се во добра состојба и постоперативно е без проблеми.
„Нивниот постоперативен тек се одвива без проблеми. Наредната недела веројатно ќе бидат оперирани уште пет-шест пациенти. Имам и добри вести, неколку пациенти веројатно ќе можат да бидат префрлени на одделение бидејќи успешно се опоравува нивната респираторна функција, а раните од изгорениците се такви што не бараат престој на одделението за Интензивна нега“, изјави тој за РТС.
Тој наведе дека кај пациенти кои веќе се оперирани, процедурата опфаќа отстранување на девитализирано ткиво и покривање со автотрансплантација, што значи дека нивна сопствена кожа се зема од други региони и се пресадува на изгорените места. На еден пациент ќе му биде извршена нова операција за околу пет денови (на другата рака).
Според него, за оние на кои им претстои операција, нема да бидат потребни донатори на кожа.
Што се однесува до опоравувањето на оние кои биле оперирани, Стојичиќ истакна дека конечниот резултат обично се забележува за 14 дена, а потоа следи фаза на опоравување со помош на физикална медицина.