Регион
Болниците во Србија полни, главниот удар на тридемијата допрва се очекува, лекарите загрижени
Чекалниците во здравствените домови во Србија се полни, бројот на пациенти е значително зголемен во државата од почетокот на втората половина на годината, а бранот на пораст на пациенти што имаат температура, кашлање, кивавица, чувствуваат болка во грлото, се слаби и имаат симптоми слични на грип или Ковид се очекува во следните денови, пренесуваат медиумите во регионот.
Според написите, главното влијание на тридемијата допрва треба да се очекува, а педијатрите веќе работат со полна пареа.
Враќањето на најмладите во градинките и училишните клупи доведе, велат лекарите, до тоа дека сега се шират вирусни и бактериски инфекции побргу, и тоа не само кај децата, туку и кај сите други.
Александар Стојановиќ, директор на Здравствениот дом „Палилула“, вели дека јануари е нормално месец полн со вируси, а по разните прослави, се зголемил бројот на заболени. Забележан е значително поголем број пациенти од вообичаениот, а предводат поттиповите на грип.
„Во моментот најмногу пациенти имаат АХ1, АХ3, поттипови на грип, имаме голема кашлица, Ковид и некои други вируси што ги погодуваат децата. Престојот во простории во кои престојуваат деца може да доведе до епидемии. Родителите да внимаваат да не ги праќаат децата во градинки и училишта доколку се болни. Мора да внимаваат со кого се дружат бидејќи смртноста, за жал, е висока“, предупредува Стојановиќ.
Имено, посочува дека стапката на смртност е двојно поголема во јануари и февруари.
„Мојата судска медицина евидентира такви податоци, а никогаш не знаеме зошто. Бројот на луѓе што умираат е катастрофален“, предупредува Стојановиќ за тамошните медиуми.
Тој додава дека е многу важно луѓето да не се лекуваат сами, туку да одат на лекар и да го однесат своето дете на педијатар.
„Треба да ја земете терапијата што ви ја препишал избраниот лекар и секоја промена, температура и сè друго да го пријавите на лекар. Инаку, многумина што се самолекуваат, на лекар одат само кога ќе им се влоши состојбата за да видат во што е проблемот. Оние што не можае да дојдат на клиника нека се јават телефонски кај избраниот лекар за консултација. Во секој случај, подобро да се јавите отколку сами да се лекувате“, нагласува Стојановиќ.
Забележува дека во овој период децата се особено погодени од вирусни и бактериски инфекции бидејќи училишниот распуст е завршен, покрај тоа, температурните флуктуации се огромни, времето студено – топло, а сè заедно придонесува до тоа буквално сите да се болни.
„Сите се болни, сите кашлаат, имаат некои од вирусите. Ќе видиме што ќе се случи понатаму. Се надевам дека ќе биде подобро, иако не сум оптимист“, вели Стојановиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кипар го подигна нивото на тревога, училиштата се затворени
Кипар го подигна нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите ги затворија училиштата и спроведоа евакуации каде што е потребно, бидејќи земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.
Во утринското обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најголема грижа на неговата влада.
„Се наоѓаме во регион со исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој во моментов поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.
Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека нема да се вклучи во никакви воени операции.
„Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја имавме цело време – секогаш како дел од решението, а не како проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес.
Осврнувајќи се на нападот што се случи синоќа, ретседателот рече дека „дрон Шахед погодил воени објекти во британската база во Акротири и предизвикал мала материјална штета“.
Грчките медиуми објавија дека бил неутрализиран и втор борбен авион, кој Иран исто така го насочил кон британската база, оддалечена околу 960 километри.
фото/ЕПА
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.

