Регион
Борел: Соседството на ЕУ е во пламен – ако не го стабилизираме Балканот
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Џозеф Борел, рече дека Брисел ја застапува опцијата за постепено интегрирање на земјите од Западен Балкан во блокот.
Тој наведува дека несогласувањето меѓу Белград и Приштина во врска со Косово сè уште е во голема мера присутно.
„Ако не го стабилизираме Балканот, тогаш ќе биде тешко да се сметаме за геополитичка сила бидејќи никој друг нема да го стори тоа, само Европејците“, рече Борел во интервју за „Фајненшл тајмс“.
Тој додаде дека прашањето за Балканот особено ја загрижува ЕУ.
Борел истакна дека соседството на ЕУ практично гори и се залагаше за силен и унифициран одговор од сите членки на блокот.
„Во последните 10 месеци нашето соседство беше зафатено од пламен, од Либија до Белорусија. Сè е многу полошо отколку што очекував“, рече Борел.
Говорејќи за медитеранскиот регион, Борел изјави дека тензиите меѓу Грција, Турција и Кипар почнаа експоненцијално да растат и постои сериозен ризик конфликтот да го надмине нивото на зборови.
Тензиите се зголемија кога Турција почна да ги истражува изворите на енергија во спорните делови на Медитеранот, на кои полагат право и Грција и Кипар. Во меѓувреме, Грција распореди поморски и воздушни единици, а Франција нареди воени патроли. Водачите на ЕУ ќе разговараат за Турција на 24 септември.
Говорејќи за Белорусија, Борел рече дека министрите за надворешни работи на ЕУ ќе состават список на рестриктивни мерки против официјални лица вклучени во местење на претседателските избори во Белорусија на 21 септември.
Брисел ги отфрли резултатите од изборите во Белорусија одржани на 9 август, на кои победи Александар Лукашенко освојувајќи 80 проценти од гласовите.
ЕУ исто така ја осуди насилната репресија на мирните протести и предупреди на воведување санкции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: Ова ќе биде клучна и една од најтешките години во светот
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека утре ќе бидат потпишани 10 договори за соработка меѓу Србија и Казахстан и истакна дека ова е создавање темел врз кој ќе се изгради голема куќа на пријателство што е од интерес за двете земји.
– Разговаравме за геополитичката ситуација. Имаме речиси 100% согласност во оценките. Можам да зборувам за моите предвидувања. Можaм да прoмашам за неколку дена, но во суштина не. Очекувам наскоро да започне голем конфликт, сите знаете на кој мислам, и очекувам конфликтот во Украина да не заврши, мислам дека ќе продолжи долго време. Би сакал да грешам, би бил повеќе од среќен да излезам и да кажам дека моите проценки беа погрешни, но се плашам дека ќе бидам во право. Полека, сите влегуваат во ќорсокак, а кога сте во ќорсокак, се движите само кон потешки решенија и поголеми проблеми. Ова ќе биде клучна година и една од најтешките години во светот. Не би ја исклучил можноста за употреба на неконвенционално оружје во текот на оваа година – изјави Вучиќ, пренесуваат медиумите во регионот.
Регион
Вучевиќ: Верувам во силата на Дачиќ да се избори, и во нашите лекари
Лидерот на СНС и советник на претседателот на Србија, Милош Вучевиќ, денес изјави дека е неблагодарно да се зборува за идната здравствена состојба на претседателот на СПС и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, и дека тој верува во неговата сила да се избори.
„Неблагодарно е да се зборува. Не можам да кажам ништо друго освен она што го кажаа лекарите, семејството, а ми се чини од разговорот со колегите од СПС, дека е за нијанса подобро од синоќа, но сепак е предизвикувачко“, рече Вучевиќ во гостувањето во емисијата „Фокус“ на Б92.
Тој додаде дека верува во силата на Дачиќ да се бори, во нивните лекари и дека се моли на Бога да му даде на Дачиќ доволно сила да се извлече од сето ова.
Вучевиќ истакна дека настинките не треба да се потценуваат и дека секој треба да слуша што велат луѓето кои се експерти за тоа.
„Ивица Дачиќ има уште едно прашање, тоа е прашањето за дијабетесот, стресот, политиката, сè што ни се случува. Невозможно е да нема последици. Имавме многу предизвици. Минатата година имавме предизвици со Дарко Глишиќ. Овој повик беше направен со голем притисок“, рече Вучевиќ.
Дачиќ беше примен на Клиниката за пулмологија вчера попладне со пневмонија.
Регион
„Следната земја-членка на ЕУ“ – Црна Гора брендираше авион со европската амбиција за членство до 2028 година
Црногорската влада, која планира до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската унија, претстави авион на националниот превозник „Ер Монтенегро“ со слоганот „28by28 – The next EU member“. (следна земја-членка на ЕУ).
Од Министерството за европски прашања соопштија дека целта на кампањата е да се испрати порака до меѓународната јавност дека Црна Гора до 2028 година ќе стане 28-ма членка на ЕУ.
Премиерот Милојко Спајиќ при претставувањето на авионот во Подгорица изјави дека пораката претставува „стратешка изјава на државата“, додавајќи дека Црна Гора нуди стабилност и нова енергија за Европа.
Министерката за европски прашања Маида Горчевиќ оцени дека членството во ЕУ е амбициозна, но остварлива цел и повика сите институции и општествени чинители да ја пренесат пораката „28 до 2028“.
Властите претходно најавија дека имаат намера до крајот на годината да ги затворат сите преговарачки поглавја, со цел членство до 2028 година.

