Регион
Борисов во Тирана: Неколку земји сè уште неодлучни за преговорите со Албанија
Бугарскиот премиер Бојко Борисов по средбата што ја имаше во Тирана со својот албански колега Еди Рама изјави дека 2-3 држави на ЕУ сè уште се неодлучни што се однесува на почетокот на преговорите со Албанија за членство во ЕУ, но повеќето земји на ЕУ се на мислење дека Албанија треба да добие датум и отворен пат за почеток на преговорите за влез во ЕУ.
„Западен Балкан е најтешката тема што може да се реши, но е многу значајна бидејќи ако еден сосед на Балканот е во тешка состојба, тогаш и другите држави се во тешка состојба. Поради тоа, неоходно е регионот да има добра соработка бидејќи и перспективите би биле поголеми за сите земји во регионот“, нагласи Борисов во Тирана и додаде дека се прават напори и оние држави што сè уште не се определени кога е во прашање Албанија, да се убедат дека таа треба да добие почеток на преговорите.
Албанскиот премиер Еди Рама изрази голема благодарност за поддршката од Бугарија, која е претседавач на ЕУ, со цел Албанија и Македонија да ги започнат преговорите со Унијата. Рама, говорејќи за исполнувањата на условите за ЕУ, рече дека ЕУ бара од Албанија и усвојување на законот за малцинствата.
К. М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

