Контакт

Регион

Брнабиќ: Залагањето за компромис за Косово не е слабост

Објавено пред

Залагањето на Србија за компромисно решение во врска со Косово не треба да се толкува како слабост, туку како показател за сериозноста и силата на државата, изјави претседателката на српската влада, Ана Брнабиќ.

dobivaj vesti na viber

„Ми се чини дека во моментов единствено Белград е подготвен на отворени разговори и компромис и не би сакала нашата отвореност да се смета за наша слабост“, истакна Брнабиќ.

Таа наведе дека утрово кратко разговарале со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за вчерашниот дијалог во Брисел, при што оцениле дека разговорите биле тешки.

„Српската влада ќе застане зад претседателот и ќе му даде целосна поддршка во понатамошниот дијалог“, посочи премиерката.

Вучиќ претходно изјави дека во Брисел било договорено дека сите проблеми мораат да се решаваат по пат на мир, со меѓусебна почит и гаранции за безбедноста и сигурноста на граѓаните.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Вучиќ за посетата на Москва: Последиците ќе ги почувствувам лично јас, Западот се заканува наместо да изрази разбирање

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека неговата посета на Москва е важна од конкретни, рационални причини, вклучувајќи ги прашањата за енергијата и билатералните односи, но дека наместо разбирање од Западот, тој добива закани и обиди за заплашување.

dobivaj vesti na viber

„Не очекувам рационални одговори, туку притисок“, рече Вучиќ, коментирајќи ги реакциите на западните претставници на неговото патување во Москва по повод Денот на победата.

Вучиќ нагласи дека тој лично првенствено ќе ги почувствува последиците од присуството на Парадата на победата. Тој, исто така, даде емотивен коментар за историските односи меѓу Србија и Западот:

„Наместо да се однесуваат благо кон нас, што би било логично, да речат – направивме неправда кон таа мала, но горда земја, кон тој бунтовен народ, што друго сакаме од нив? Да навиваат за нас затоа што ги бомбардиравме, затоа што беа убиени 2.500 луѓе?“ рече Вучиќ.

Тој ги обвини западните политичари дека не ѝ нудат на Србија разбирање, туку само закани и заплашување. Тој особено го издвои европратеникот Тонино Пицула, велејќи дека и тој му испратил слични пораки.

Коментирајќи ги студентските протести во Белград и барањата за предвремени парламентарни избори, Вучиќ рече дека ќе има избори, но кога, тој ќе одлучи.

„Подгответе се за избори, тие нема да траат долго, но нема да ги распишат оние што се сметаат за неспособни, туку јас“, рече претседателот на Србија.

Вучиќ, исто така, упати низа прашања до Западот, забележувајќи двојни стандарди кон Србија.

„Дали мислите на Јасеновац? Одземањето на Косово? Воените сојузи кои ги направивте – Хрватска, Албанија, како велите Косово? Значи, сакате да ги проширите кон Бугарија?“ рече Вучиќ, коментирајќи ги пораките што, како што вели, младите луѓе во Србија ги добиваат од западните дипломати.

Зборувајќи за неговата неодамнешна посета на САД и престојот во Флорида, Вучиќ ги отфрли тврдењата дека бил запрен или дека бил непосакуван гостин. Тој рече дека неговата цел не била да се фотографира со Доналд Трамп, туку да разговара за конкретни теми важни за Србија.

„Веќе пет пати сум бил со Трамп. Не ме интересира имиџот. Ме интересира што можам да направам за мојот народ. Го почитувам американскиот претседател и мислам дека тој прави многу добри работи за светот“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека му е особено жал што не можел да присуствува на настанот организиран од Скот Бесент и Ричард Гренел, бидејќи нивните царини се одлучуваат таму.

Вучиќ ја прекина посетата на САД минатата недела поради наводни здравствени проблеми и итно се врати во Белград, потсетуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Регион

Несреќата со три жртви во Хрватска ја предизвикал пијан возач

Објавено пред

Вчеравечер околу 23 часот во градот Подградина, во општина Сливно, Хрватска, се случи тешка сообраќајна несреќа, во која загинаа три лица.

dobivaj vesti na viber

Полициската управа на Дубровничко-неретванската жупанија соопшти дека за несреќата е виновен 73-годишен маж. При вклучување во сообраќај со патничко возило тој не ги пропуштил сите возила што се движеле по коловозот означен како пат со првенство на минување.

Тој со своето возило удрил во патничко возило со дубровнички регистарски таблички, кое, поради силата на ударот, се одбило и ја пробило заштитната ограда по што слетало во коритото на реката Мала Неретва и потонало на дното.

Загинале три лица, кои биле во потонатото возило. Станува збор за хрватски државјани на возраст од 77, 61 и 48 години.

73-годишниот маж што ја предизвикал оваа сообраќајна несреќа претрпел полесни повреди, а алкотестот утврдил дека возел под дејство на алкохол во концентрација од 1,46 г/кг. Тој моментно е во полициски притвор, каде што против него се води кривична истрага за кривично дело предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, објавија хрватските медиуми.

Прикажи повеќе...

Регион

Автомобил излета од пат и заврши во река, нуркачи извлекоа тела од водата: тешка несреќа во Хрватска

Објавено пред

Три лица загинаа во среда вечерта во тешка сообраќајна несреќа во градот Подградина во општина Сливно, откако автомобил излетал од патот и завршил во реката Мала Неретва, објавија хрватските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Сите служби веднаш излегоа на местото на настанот, но немало начин да се спасат луѓето.

„Во коритото на реката Мала Неретва, нуркачите пронајдоа возило превртено на покрив. Со помош на кран за влечење, автомобилот беше извлечен од реката во 1:30 часот“, соопшти хрватската полиција.

Телата биле пронајдени на задното седиште од возилото, објави 24сата.хр.

Загинатите се лица родени во 1977, 1948 и 1964 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

Филипче за можната коалиција со ДУИ и со Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Лидерот на опозицискиот Социјадемократски сојуз (СДСМ) не ја исклучи можноста за коалиција со Демократската унија за интеграција (ДУИ) и со...

Македонија2 часа

30-годишник призна вина за ширење омраза: коментирал објави за Парадата на гордоста во Скопје и повикувал на насилство

Постапувајќи по поднесен обвинителен предлог од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која осуди едно...

Топ2 часа

Изгоре стан во Кичево, загина жена

Жена загина синоќа во пожар во својот стан. Пожарот избил на улицата 4 Јули во Кичево, а починатата е 72-годишна...

Македонија3 часа

„Влен“: Таравари украде пратенички мандати на граѓаните во име на промената, а сега се обидува да ги фрли во казанот на ДУИ

ДУИ не може да се дефинира поинаку освен како казан во кој вријат кражби, криминал и корупција. Токму во тој...

Македонија4 часа

ДУИ разочарана: Преку самопонижување албанските партнери од коалицијата „Влен“ ги понижија сите Албанци

„Демократската Унија за Интеграција изразува длабоко разочарување од однесувањето на албанските коалициски партнери на ЛЕН во власта. На јавна сцена...

Свет5 часа

(Видео) Речиси 80 студенти уапсени на пропалестински протест во САД

Полицијата, на барање на службеници на Универзитетот Колумбија, вчера уапси десетици студенти кои окупираа дел од главната библиотека на колеџот...

Регион5 часа

Вучиќ објасни по кој пат стигнал во Русија: Наместо да ја разберат позицијата на Србија, некои западни претставници испраќаат закани

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера пристигна во Москва. Вучиќ утре ќе присуствува на одбележувањето на Денот на победата во руската...

Свет5 часа

„Њујорк тајмс“: Трамп денес ќе го објави трговскиот договор со Велика Британија

Американскиот претседател Доналд Трамп денес треба да објави дека САД ќе се согласат на трговски договор со Обединетото Кралство, изјавија...

Европа6 часа

Студент со секира упаднал во универзитет во Варшава, убил вработена

Жена е убиена со секира на универзитет во Варшава, соопштија полските власти. Инцидентот се случил вчера околу 18:40 часот. по...

Свет6 часа

Нетанјаху: Со сигурност знаеме дека 21 заложник се живи, за тројца постои сомнеж

Израел со сигурност знае дека 21 заложник што ги држи Хамас во Појасот Газа се живи, објави израелскиот премиер Бенјамин...

Европа6 часа

Зеленски: „Украина стои зад својата понуда за 30-дневен прекин на огнот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина стои зад својот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, иако официјална...

Македонија19 часа

Македонија да не биде жртва на притисоци и да не трпи изнуди за ЕУ, порача Милановиќ

Македонија да не биде жртва на притисоци и да не трпи изнуди кога е во пршање членството во Европската Унија,...

Македонија21 час

Движењето ЗНАМ до СДСМ: Крадецот вели – држете го крадецот, ние сме дома и градиме за нашите граѓани, а не во Дубаи

Ја разбираме очајната состојба во која се наоѓа СДСМ, во својата безидејност, во својот слободен пад како партија на македонската...

Македонија21 час

Сиљановска – Давкова со Милановиќ: Ветото ќе предизвикува проблеми, ние инсистираме и си го бараме местото во ЕУ, да речам дека се надевам утре да наидеме на разбирање – ќе згрешам

Во рамки на официјалната посета на хрватскиот претседател на нашата земја беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и...

Економија22 часа

Со 90 отсто сигурност кај нас нема да се случи прекин на струјата како во Шпанија и Португалија, вели министерката Божиновска

Прекин на струјата како оној што ги парализира Шпанија и Португалија минатата недела со 90 отсто сигурност нема да се...

Македонија24 часа

Крупен град, силен ветер и пороен дожд: невреме го зафати Дојран

Пред 20-ина минути Дојран беше зафатен од невреме проследено со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и крупен град, информираат...

Македонија1 ден

(Видео) Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра, велат од СДСМ

Денес јавно го презентираме во детали најголемиот урбанистички корупциски скандал што го видел Куманово во последните децении – организиран, координиран...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски на Денот на полицијата: Времето на пораките „ќе средиме“ и „ќе се јавам“ е завршено

Премиерот, Христијан Мицкоски, на Денот на полицијата – 7 мај, испрати порака дека нема компромис со криминалот. Според него, корупцијата...

Македонија1 ден

Косово неоправдано задржува македонски камиони на границата, соопшти Стопанската комора

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за неоправданото задржување македонски камиони што транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово,...

Македонија1 ден

„Кога на моќниците ќе им застаруваат криминалите – сетете се дека ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за крај на таквата неказнивост“, велат од партијата Левица

„ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја покажа својата намера кога зборува за „реформи во судството“ – наместо вистински промени, тие бараат свои...