Регион
Брнабиќ: Поголеми притисоци врз Вучиќ и Србија немало никогаш

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, оцени дека е важно да се поддржи претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој ќе зборува на Генералното собрание на Обединетите нации, бидејќи никогаш немало поголем притисок врз него и врз Србија, од која се бара воведување санкции кон Русија и постигнување конечен договор за нормализација на односите Белград – Приштина.
„Ова е сега во исто време“, изјави Брнабиќ за ТВ „Пинк“ и нагласи дека говорот на Вучиќ е најдобриот начин да се покаже контрастот меѓу одделните држави и „борбата за територијален интегритет на меѓународно призната држава Украина, со што се согласуваме, и како овој основен принцип на меѓународното право не е важно беше во случајот со Србија“.
„Притисоците за нас, што е политика на Александар Вучиќ, може да бидат само контрапродуктивни и колку повеќе нè притискате, тоа може само да нè одврати“, рече Брнабиќ.
Застапеноста на земја како Србија во Генералното собрание на ОН никогаш не била следена со вакво внимание, особено што Вучиќ ќе зборува по претседателот на Украина, изјави таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Србија нема да воведе санкции против Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија и дека ќе се држи до својата сегашна политика, и покрај различните најави од владата.
Вучиќ рече дека граѓаните на Србија поддржуваат таков правец бидејќи тоа е „политика на независна и суверена држава“.
„Ќе продолжиме со нашата политика, која беше принципиелна и која досега се покажа како точна, која никому не му се допаѓаше, ниту на оние на Запад ниту на оние на Исток“, нагласи Вучиќ.
Реакцијата на Вучиќ следи по интервјуто на министерот за европски интеграции Немања Старовиќ за австриската агенција АПА. Старовиќ навести дека Србија може да размисли за усогласување со санкциите на ЕУ против Русија откако нејзиното членство во Унијата ќе стане неизбежно.
Тој објасни дека одбивањето да се воведат санкции произлегува од економска неопходност, а не од политичка лојалност кон Москва.
„Русија воопшто нема да биде погодена, но српската економија ќе биде погодена во огромна мера“, рече Старовиќ.
Сепак, претседателот Вучиќ ги отфрли тие изјави, нарекувајќи ги „невнимателни“.
„Жал ми е што некои од нашите пријатели во руските медиуми едвај чекаат да најдат нешто за кое ќе ја критикуваат Србија. Исто така, жал ми е што имаме многу луѓе на нашата домашна политичка сцена кои би сакале да ги бранат Русите отколку Србија. Морам да ги разочарам, Србија нема да воведе санкции врз Русија“, рече Вучиќ.
Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“: