Регион
Бугарија ќе добие над милион дози од т.н. солидарни вакцини
Бугарија во второто тримесечје ќе добие повеќе од 1,2 милион дополнителни дози вакцина против Ковид-19 од „Бионтек“ и „Фајзер“, изјави бугарскиот премиер, Бојко Борисов.
Повеќето земји членки на ЕУ се согласија во четвртокот заеднички да споделат дел од дополнителните 10 милиони дози вакцини на „Бионтек-Фајзер“ со Бугарија, Хрватска, Естонија, Латвија и со Словачка, земјите што одлучија дека им се потребни најмногу вакцини.
Но, чешкиот премиер, Андреј Бабиш, во петокот го критикува договорот велејќи дека планот е небалансиран затоа што не разбира како Европската Унија може да се согласи кога Чешка, Австрија и Словенија се противат на тоа, пренесуваат регионалните медиуми.
Бугарија, која има најмало покритие за вакцинација во ЕУ, ќе добие 1,26 милион дози од 2,85 милиона таканаречени солидарни вакцини за петте членки на Унијата. Хрватска ќе добие дополнителни 747.000 дози вакцини.
„Ова е добра вест за нас и за цела Европа бидејќи покажува дека земјите членки може да се солидаризираат“, напиша Борисов во објавата на својата страница на „Фејсбук“.
Балканската земја првично нарача повеќе вакцини од „Астра зенека“ отколку од „Фајзер“.
Бугарија има регистрирано 346.327 случаи на заразени од коронавирус од почетокот на пандемијата, од кои 13.313 биле фатални.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Еден кат подолу од пеколот: фотографот зборуваше за човекот покрај прозорецот во домот во Тузла
Eдинаесет лица загинаа во пожарот што го зафати пензионерскиот дом во Тузла, а дополнително 35 побарале медицинска помош во Универзитетскиот клинички центар.
Фарук Бегташагиќ беше еден од фотографите на ова место и низ објективот долови една од најтажните сцени од претходната ноќ.
Како што објасни, го подготвил објективот за фотографирање и погледнал кон огнот на врвот од зградата. Сепак, морничавиот момент, кој се случил еден кат подолу, го потресол уште повеќе.
„На прозорецот имаше човек, а луѓето од улицата го повикуваа да се засолни. Долго време беше на прозорецот. Чадот почна сè повеќе да ја исполнува неговата соба. Како беспомошно да нè гледаше. По неколку моменти, веќе го немаше. Само сакам да е добро“, рече Бегташагиќ, пренесе „Кликс.ба“.
Засега нема официјални информации за судбината на човекот од фотографијата.
Претходно денес, директорот на Домот за стари лица, Мирсад Бакаловиќ, поднесе оставка од оваа позиција, а сојузниот премиер Нермин Никшиќ најави дека во наредниот период ќе бидат формирани тимови за посета на институции од ваков тип.
Регион
Планот на ЕК предвидува: со воз од Софија до Атина за 6 часа
Патувањето со воз од Софија до Атина ќе трае 6 часа, според планот на Комисијата за револуција на брзите железници во Европа. До 2040 година патувањата на новата TEN-T мрежа ќе се одвиваат со возови со брзина од над 200 километри на час, а инвестициите во зелени горива ќе ги трансформира воздухопловството и поморскиот транспорт, пишува „БНР.бг“.
Патувањето со воз од Софија до Атина ќе биде скратено на 6 часа наместо сегашните 13 часа и 40 минути. Планот за брза железница презентиран од Европската комисија има амбиција да ги поврзе клучните европски престолнини со мрежа од возови што сообраќаат со брзина од над 200 километри на час до 2040 година. Мерките се дел од сеопфатен транспортен пакет со кој Брисел се стреми кон поефикасен, одржлив и конкурентен транспортен систем во ЕУ.
Времето на патување на другите линии исто така ќе биде намалено. На пример, линијата Берлин – Копенхаген ќе биде 4 часа наместо 7, а новите прекугранични линии ќе го поврзуваат Париз со Лисабон преку Мадрид, како и со главните градови на балтичките држави.
Паралелно со планот за железница, Комисијата усвои и план за инвестиции во одржлив транспорт, насочен кон горивата во воздухопловниот и поморскиот сектор.
За да се постигнат целите во рамките на механизмите RefuelEU Aviation и FuelEU Maritime, на ЕУ ќе ѝ бидат потребни 20 милиони тони одржливи горива до 2035 година, што бара инвестиции од над 100 милијарди евра.
Регион
(Фото) Женско тело пронајдено во замрзнувач во Србија, се трага по нејзиниот партнер
43-годишниот Далибор Демировиќ ја убил својата 36-годишна партнерка Катарина Глигориевиќ во селото Печењевце во близина на Лесковац во јужна Србија, ноќта од понеделникот кон вторникот.
Вишото јавно обвинителство во Лесковац соопшти дека осомничениот за убиството е во бегство. Телото на жртвата е пронајдено вчера во замрзнувач.
Демировиќ носел електронска белезица бидејќи бил осуден на домашен притвор за спречување службено лице во вршење службена должност. Тој нападнал полицаец фрлајќи ограда од тераса кон него. Се претпоставува дека по убиството, ја извадил електронската белезица и со црвен автомобил се одвезол во непознат правец, пишува српски „Телеграф“.

Соседите за српските медиуми изјавиле дека односот меѓу Демировиќ и Глигориевиќ бил исклучително проблематичен. „Тие биле во токсична врска изминатата година. Таа одеше и доаѓаше кај него. Имаа многу турбулентна врска“, рекле мештаните.
Непотврдените информации сугерираат дека немало очигледни повреди на телото на жртвата, па затоа се сомнева дека се задушила. Телото наводно го пронашол синот на убиецот од неговиот прв брак, кој потоа го известил братот на убиецот, кој ја повикал полицијата.
Полицијата почнала интензивна потрага, во која се вклучени и многубројни мештани. Мајката и таткото на убиецот се во куќата на убиецот, а полицијата ги чува бидејќи, како што велат, се плашат дека би можеле да бидат следната цел на синот.

